Во Виетнам кодоши добиваат награда за пријавен сообраќаен прекршок

Виетнам: Лани во сообраќајни незгоди загинале преку 10.000 лица до ноември и биле повредени повеќе од 16.000 лица

Во Виетнам е опасно да се вози автомобил. Земјата се соочува со најголем број на загинати лица во сообраќај во светски размери. Како главна причина се наведува безобѕирното возење. Виетнам почна да се бори против тоа. Еден од начините за справување со кобниот сообраќај е давање парична награда на лица што ќе снимат сообраќаен прекшок и ќе го испратат доказот до полицијата.

Од почетокот на годинава, за снимање и пријавување сообраќаен прекршок следи награда во висина до пет милиони виетнамски донгови, што одговара на 191 евра. Висината на износот зависи од тежината на прекршокот. Десет проценти од паричната казна за прекршителот се префрлуваат на сметка на лицето што го пријавило и снимило прекршокот.

Програмата за наградување не важи за туристи. Средствата од наплатените казни ќе бидат искористени за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Од 1-ви јануари, за некои видови прекршоци важат казни што се 30 до 50 пати повисоки од порано. За неприцврстување на товарот што се превезува следи казна во висина од 18 милиони донгови (700 долари), оставање отворена врата на место што е небезбедно повлекува казна од 860 долари, а секако дека казна следи и за некоја чудна навика на тамошните возачи да управуваат со воланот со стопалата. Последново се казнува 1.900 евра.

Лани до ноември во земјата биле регистрирани 21.691 незгоди, во коишто загинале 10.026 лица и биле повредени 16.103 лица. Во споредба со една година претходно, судирите зачестиле 5,67 проценти, со број на загинати лица зголемен за 7,89 проценти, односно раст од 13,43 проценти на лица со повреди.

Видеото на Аутомедиа во коешто укажавме на најчестите грешки при возење по автопат

Претходна објаваРено 5 е Автомобил на 2025 година во Европа, со него и Алпин А290
Следна објаваНовиот Порше 911 Карера С со перформанси како стариот ГТС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here