Новиот Порше 911 Карера С со перформанси како стариот ГТС

Порше ја збогати понудата од модели во семејството на 911 со новата Карера С. Боксерот од три литри располага со 480 КС и испорачува подобри перформанси дури и од самиот ГТС во претходната генерација.

Местото на Карера С во многубројното семејство на Порше 911 е меѓу класичната Карера и спортски нагодената Карера ГТС Т-Хирбид. Исто како досега, достапна е купе и кабриолет изведба.

Инженерите го преработија 3,0-литарскиот боксер со 6 цилиндри и извлекоа дополнителни 30 КС, што значи дека моќноста порасна на 480 КС, заедно со вртежен момент од 530 њутнметри.

Забрзувањето од 80 до 120 км/ч трае две секунди, темпо 200 од место се достигнува по 11,9 секунди

Главни се новите турбополначи, а има зафати и во интеркулерот, којшто во основата е преземен од стариот 911 Турбо. Спринтот трае 3,3 секунди (со пакет Спорт Хроно, инаку 3,5), забрзувањето престанува на 308 км/ч. Менувачот стандардно е 8-степен ПДК, со двојна спојка.

Разликите од стандардната Карера се во тркалата од 20 и 21 инчи, со посебен дизајн, во можноста да се нарача ПТВ+ (распределба на вртежниот момент во свијоци), како и во спортскиот издув со издувни цевки во сребрена боја.

 

Сопирачките потекнуваат од спортскиот ГТС, со црвени клешти, со пречник 408 милиметри напред и 380 милиметри назад.

Перформансите може и дополнително да се подигнат со неколку ставки што се вградуваат со доплата. Врвот секако се керамичките сопирачки ПЦЦБ или активното спортско подвозје ПАСМ, со подвозје спуштено 10 милиметри и управувана задна оска.

Хидрауликата во амортизерите е усовршена, за да понуди попријатно возење, заедно со подобрена прецизност и побрза реакција. Кога ќе се избере управувана задна оска, таа доаѓа заедно со подиректен преносен однос, а соодветно се зафаќа и во кинематиката на предната оска.

Збогатената опременост на Карера С значи и црни кожени седишта, заедно со задна клупа, што инаку е опција кај Карера, потоа матрични диодни светла и безжичен полнач за телефон.

Нарачките во Германија веќе стартуваа, со цена од 154.800 евра за купето и 169.000 евра за кабриолетот.

Моделското семејство на Порше 911 се состои од шест варијанти:

  • Карера
  • ГТС
  • Турбо
  • ГТ3
  • Дакар
  • С/Т

Секоја варијанта има подваријанти:

  • Карера, Карера Т, Карера С (и нивните кабриолет изведби)
  • ГТС, 4 ГТС (и нивните кабриолет изведби), Тарга 4 ГТС
  • Турбо, Турбо С (и нивните кабриолет изведби)
  • ГТ3, ГТ3 со пакет Туринг, ГТ3 РС
  • Дакар и С/Т немаат подваријанти

 

Претходна објаваВо Виетнам кодоши добиваат награда за пријавен сообраќаен прекршок
Следна објаваЕвропскиот автомобилски пазар ќе расте во 2025 година