Руди работи за Џагјуар Ланд Ровер и затвора врати 84.000 пати

Додека останатите се подготвуваат за славење, Руди продолжува да работи во Џагјуар Ланд Ровер и за време на Божик, па уште и при 40 степени под нула.

Роботот Руди се наоѓа во комора за тестирање, што е вредна 2,46 милиони евра, и за две седмици ги затвора и отвора вратите на новите модели што ги развива Џагјуар Ланд Ровер по 84.000 пати.

Сето тоа се случува на исклучително ниска температура и има за цел да провери како возилото ќе се однесува во целиот негов работен век.

За време на Божик, Руди во Центарот за Инженеринг во британскиот град Гајдон ќе отвори и затвори врата на Рејнџ Ровер повеќе од 14.000 пати.

Циклусот на тестирање во траење од три месеци соодветствува на напорот на човек, којшто 17 години трипати во седмицата крева тегови. Дополнителен товар за Руди е тоа што работи во климатска комора, каде што може да се постигнат температури од 50 степени над до 40 степени Целзиусови под нула. Тоа се условите што владеат во калифорниската Долина на Смртта, или на Северниот Пол.

Роботот притоа проверува и како работи вратата, односно се следи дали шарките држат цврсто и дали бравата работи сигурно. Се мерат и звуците, како и вибрациите шри затворањето, а воедно и прицврстувањето на панелите во вратите.

Роботи се вообичаена појава во Џагјуар Ланд Ровер

 

Претходна објаваФон дер Лајен од јануари ќе наоѓа спас за автомобилската индустрија
Следна објаваОпел Астра 1.2 Едишн · Тест · Најлесниот избор

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here