Пожртвуван возач си го искршил Поршето за да спаси туѓ живот

Како што пренесува германската регионална тв- и радио станица Вестдојчер Рундфунк (линк), возач на Порше со својот пожртвуван чин веројатно го спасил животот на 61-годишен возач што паднал во бессознание додека возел по автопатот А1 во близина на Буршајд.

Според информациите од противпожарната екипа, настанот се случил во петокот на 6-ти декември. Околу 16.30 часот, возачот на спортскиот автомобил додека се движел по автопатот А1 покрај Буршајд, забележал пред себе на местото на коешто се извршувале градежни зафати, како друго возило се движи кривулесто и удира во обележувачките столбови по патот.

Човекот претпоставил дека возачот на автомобилот се соочува со здравствени потешкотии и со своето Порше се испречил напред. Тој со своето возило го запрел автомобилот што се движел без контрола, оштетувајќи си го скапиот автомобил. Откако овој вешт и храбар чин завршил со среќен исход и двете возила биле запрени безбедно, притрчале други лица и му пружиле помош на 61-годишниот возач.

Полицијата јави дека 61-годишникот е во стабилна здравствена состојба

Кусо по извршената реанимација пристигнало и возилото на брза помош и го однело возачот во болница. Луѓето што се нашле на местото се погрижиле за безбедно да ја обележат опасноста и да ги предупредат другите возачи. Полицијата во Келн јави дека човекот што паднал во бессознание е во стабилна состојба.

Претставник на единицата за брзи интервенции кажува: „ Свесно да се оштети сопствениот автомобил, за да се спаси туѓ живот, тоа е нешто посебно. За такво постапување е потребно највисоко признание!“ Тој повеќепати има учествувано во спасувачки акции, меѓутоа досега не познава случај како овој.

Храбриот Јаник Бут во слободно време може често да се сретне со своето друго Порше, 911, на Нордшлајфе (од профилот на фејсбук)

Идентитетот на возачот на Порше Панамера го објави Рајнише Пост, станува збор за Јаник Бут од Золинген. Штетата на возилото веројатно ќе ја надомести осигурувањето на спасениот возач.

За храбриот возач објави Рајнише Пост

https://rp-online.de/nrw/porsche-fahrer-bremst-bewusstlosen-auf-a1-aus_aid-121928443

 

 

Претходна објаваТавареш вели дека неговото „пријателско“ заминување од Стелантис било поради разидување околу стратегијата
Следна објаваТеренецот на АМГ почна да тестира по јавни патишта, вози на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here