Тавареш вели дека неговото „пријателско“ заминување од Стелантис било поради разидување околу стратегијата

Извршниот директор на Стелантис, Карлос Тавареш, се соочува со критики по објавувањето на разочарувачките финансиски резултати за годинава.

Тавареш не навлегува во подробности околу неговото разидување со ставовите на одборот на Стелантис, меѓутоа изјави за португалскиот дневник Експресо дека одлуката за неговото заминување била донесена заеднички со претседателот на концернот, Џон Елкан.

Извори што се запознаени со случувањата, изјавија за Ројтерс дека причина за неговото ненадејно заминување, била тоа што целите поставени од Тавареш, им се виделе неостварливи или дури деструктивни на некои членови на управниот одбор.

Тавареш изјави за дневникот дека неговата главна грижа било да се „заштити компанијата, за разидувањето во ставовите да не ја доведе компанијата во опасност да отстапи од своите цели.“

„Компанија што има 250.000 вработени, создава промет во висина од 190 милијарди евра, има 15 марки што ги продава ширум светот, не е компанија којашто може да се управува со отсуство на насочување, што неодложно ќе влијае врз остварувањето на стратегијата,“ кажа Португалецот во интервјуто објавено на 12-ти декември.

На прашањето дали се чувствува повреден од исходот, тој одговори: „Не, ниту најмалку.“ Тој кажа дека би постапил исто и кога времето би се вратило назад.

Дотогаш ценет како еден од најугледните менаџери во целата автомобилска индустрија, раководењето на Тавареш дојде под знак на прашање откако се случи голем пад во продажбата во Северна Америка, по што концернот во септември мораше да ја извести берзата, дека постои можност да не биде остварен планираниот профит за 2024 година.

Дилерите, индустриските експерти и клиентите кажаа дека Стелантис, под раководство на Тавареш, сам си наштетил на пазарот во САД, како и на самиот европски пазар.

Во првото интервју по неговото заминување од Стелантис, Тавареш ја опиша моменталната ситуација во автомобилската бранша како почеток на „дарвинскиот“ период.

„Кога ќе се најдеш среде бура, мора да го управуваш бродот според брановите. Не се дискутира дали постои подобар начин за справување со брановите.“

Претходна објаваРено 5 Турбо 3Е има 500 КС, заден погон и перформанси на суперавтомобил
Следна објаваПожртвуван возач си го искршил Поршето за да спаси туѓ живот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here