Теренецот на АМГ почна да тестира по јавни патишта, вози на струја

Мерцедес-АМГ сам е папараци на своите идни модели и објави слика од идниот СУВ модел со електричен погон додека вози по автопат. Во следниот период, сцената повеќе ќе слуша и гледа за првиот СУВ на спортскиот огранок на Мерцедес-Бенц Карс. Заедно со него вози и идниот ГТ со 4 врати.

Новиот СУВ од висока класа е втор модел што ја користи архитектурата за целосно електричен погон АМГ.ЕА. Проектот напредуваше во следната фаза, а тоа значи дека прототипите се изработени и пуштени се да тестираат во вистински услови на возење, по автопатишта и по патеки за тестирање.

Првото одредиште е тестирање во услови на исклучителен студ на северот на Шведска. Таму уште пролетоска почна да тестира друг модел на АМГ – изведбата со 4 врати од ГТ, купе-лимузината што ќе им се придружи на купето АМГ ГТ и родстерот АМГ СЛ.

Јавноста неодамна доби потврда дека АМГ почнал со развој на голем СУВ модел со целосно електричен погон. Тој наскоро ќе му се придружи на ГТ со 4 врати, по снеговите во најстудените краишта на Шведска. Целта на тие тестирања е да се провери како сите компоненти на возилото се усогласени едно со друго и како функционира техниката.

За техниката не се открива многу, иако е за очекување голема револуција во електричниот погон. Идниот СУВ ќе користи електромотори со т.н. аксијален флукс, со предности во моќноста, големината и тежината. Тоа се електромотори што првично ги разви британскиот специјалист Јаса, којшто сега е дел од Мерцедес. Со нив оди и нова генерација батерии со високи перформанси.

Производството на првите модели врз платформата АМГ.ЕА се очекува кон завршетокот на 2025 година.

Споредба на сегашен електромотор со иден електромотор со аксијален флукс

Претходна објаваПожртвуван возач си го искршил Поршето за да спаси туѓ живот
Следна објаваСирискиот диктатор Башар ал Асад си чувал басносновна збирка од автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here