Сирискиот диктатор Башар ал Асад си чувал басносновна збирка од автомобили

По падот на Башар ал Асад, светот допрво дознава каков луксузен живот си дозволил диктаторот, додека неговиот народ гладува. Репортерка на Си Ен Ен влезе во гаражата и наиде на згрозувачка слика. Се верува дека постојат уште такви гаражи.

Поранешниот сириски диктатор Башар ал Асад побегна од земјата. Бегалецот сепак не можеше да си го понесе својот имот со себе. Бунтовниците брзо се пробија во неговата огромна палата и во околните објекти.

Вистинската слика прв ја прикажа неименуван автор, кој управувајќи со автомобил низ гаражата на Асад сними стотици прескапи и ексклузивни автомобили.

Неколку детали што се појавуваат во снимката со слаб квалитет открија за кој објект станува збор и каде се наоѓа истиот.

„Незамисливо ми е зошто некој би имал потреба од толку многу блиндирани автомобили“

Клариса Ворд, репортерка на Си Ен ЕН, успеа да влезе во гаражата со автомобили вредна стотици милиони евра, па веројатно и над милијарда евра, што предизвика многу гнев и револт во јавноста. Тоа е во целосна спротивност со три четвртини од сирискиот народ што живее под прагот на сиромаштијата. Точно е дека оваа колекција со својата вредност и разновидност ниту оддалеку не досега до колекциите на некои други автократи, меѓутоа ова расфрлување не може да се разбере поинаку освен како изживување врз сопствениот народ.

Постои верување дека и други хали содржат стотици скапи и ретки автомобили. Репортерката Ворд на снимката кажува дека забележала бројни други хали, опкружени со блиндирани возила. Сето тоа може да се забележи и од сателитските снимки. „Незамисливо ми е зошто некој би имал потреба од толку многу блиндирани автомобили,“ се чуди Ворд.

Репортерката во видеото покажува дел од халата којшто не се гледаше во првото видео што кружеше по сите страни на светот. Во тој дел се наоѓаат педантно наредени и исполирани олдтајмери. „Ова е важно и зборуваме за тоа од причина што укажува на длабоката корупција на режимот на Асад, којашто воедно беше и меѓу клучните причини за избувнување на востанието“, кажува Ворд.

Видеото од халата преполна со автомобили

Башар ал Асад живеел како крал, додека неговиот народ трпеше

„Башар ал Асад владееше неколку години, а неговиот татко со децении. Огромен е обемот на корупцијата и ненаситноста, опулентноста и расипничкиот начин на живот, додека бројни Сиријци се бореа да обезбедат јадење на маса“, критикува репортерката на Си Ен Ен. „Башар ал Асад живееше како крал.“

На мапата се гледаат бројни објекти и допрво треба да се провери содржината

Ворд во збирката од автомобили гледа еден вид метафора, зошто мораше да се урне режимот. Таа во видеото ја покажува местоположбата на халата, меѓутоа не зборува за содржината во халите околу. Можно е луксузната колекција на Асад да излезе уште поголема.

Претходна објаваТеренецот на АМГ почна да тестира по јавни патишта, вози на струја
Следна објаваНовата Опел Фронтера: Електричен, просторен и забавен СУВ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here