Папата Фрањо ќе се вози во електричен Мерцедес

Новиот папамобил на Мерцедес се заснова врз електричната Г-Класа.

Основата на новиот папамобил е електричната Г-Класа, со каросерија лакирана во бисерно бела боја. Погонот од Г580 што својата премиера ја имаше во Кина пролетоска, приспособен е за возилото да може да се движи посебно бавно, кога папата Фрањо се вози во својот папамобил.

„Ова е посебна чест за нашата комапнија и би сакал да му заблагодарам на Неговото Височество за довербата,“ порачува Калениус во соопштението. „Со овој папамобил, ние воедно испраќаме јасна порака за електромобилноста и декарбонизацијата. Мерцедес-Бенц не го застапува само тоа што е посебно и специјално – туку се залага и за постојано создавање услови за нов возен парк во 2039 година, што ќе биде неутрален со емисијата на карбон.“

Возилото ќе му обезбеди на папата Фрањо да се вози без штетна емисија за време на Светата 2025 Година. Католичката црква одбележува секои 25 години и привлекува милиони верници во Рим.

Погонот на електричната Г-Класа е присопособен посебно за возење со ниска брзина, кога папата настапува пред јавноста.

Мерцедес ја замени задна клупа со вртливо седиште што се мести по висина и поставено е средишно. Назад има уште две седишта за придружбата. Покривот завршува кај средните столбови, меѓутоа е додаден отстранлив цврст покрив, што го штити папата при лоши временски услови.

„Од првиот цртеж, до потписот пред предавањето, работата на тимот се одликуваше со голема страст, посветеност и почит кон задачата,“ вели Клаус Милерферли, инженер во одделението за развој на Мерцедес во Зинделфинген, Штутгарт. „Возилото претставува незамислив обем на рачна работа и посветеност, но поседува и врвна технологија. Фактот што папата Фрањо покани дел од нас за лично да му го предадеме возилото, претставува врв на сиот труд. Тоа е искуство за коешто ќе им раскажувате на внуците.“

Мерцедес го снабдува Ватикан со возила уште од Нирбург 460 Пулман Лимузина за папата Пиј во 1930 година. Овие возила почнаа да се нарекуваат папамобили почнувајќи од преоѓањето на платформа од Г-Класа за папата Јован Павле Втори во раните 1980-ти години.

Куса проба на електричната Г-Класа во Мак Аутостар

Претходна објаваНовиот Ауди А6 е-трон: Подобрување во детали, еволуција во дизајнот
Следна објаваОткако остана без снабдување со седишта, Инеос продолжува со производство

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here