Хепи Бај-Деј Опел Македонија: 125 години Опел

По повод 125-годишнината на германскиот производител на автомобили Опел Аутомобиле ГмбХ, компанијата Еуроимпекс ДОО како генерален увозник за Опел возилата во регионот, истапува со најнова роденденска понуда!

(Соопштение за јавност, Еуроимпекс)

  • „Јес оф Корса”, Опел Корса го доби признанието „Најпосакуван градски автомобил“ во Македонија на истоимениот национален избор организиран од страна на неколку реномирани македонски автомобилски медиуми.

„Тоа што сакаме да го истакнеме е дека, покрај оваа понуда, само оваа недела со почеток од 18.11.2024 до 25.11.2024 сме присутни во Сити Мол со специјалната понуда на верзијата на Опел Корса – Јес Едишн (1.2 Турбо 100 КС МТ6) која носи дополнително роденденско изненадување!“ – изјави Драган Јовев, Продукт менаџер во Еуроимпекс и додаде: „Корса е по многу нешта посебна. Новата верзија помина низ целосен надворешен и внатрешен ‘детокс’, при што се отстранети сите непотребни елементи кои го одвлекуваат вниманието на возачот при возењето. Модерен изглед изработен со традиционална германска прецизност. Новата Корса доби нов 48-волтен хибриден погон, мултимедијален уред со безжично поврзување и многубројни безбедносни системи. Препознатливата предна маска ‘Опел Визор’ ја интегрира најдобрата Интели-Лукс Матрикс технологија на предно осветлување во својата класа, прави уште на прв поглед моделот да се издвојува од другите. Опел Корса навистина е посакуван автомобил во Македонија, a тоа го потврдуваат и продажните бројки. Оваа година e меѓу водечките модели во B-сегментот.“

Дизајнирана со прецизност. Произведена во Германија. Целосно детоксифициран дизајн, започнувајќи од препознатливиот визор во предниот дел, па сѐ до внатрешноста…. Благодарение на фасцинантниот нов Пјур Панел® во кабината фокусот е свртен кон возачот. Придружете се на најдобрите. Возете го најхрабриот автомобил во својата класа. Опел Астра!

Дознај повеќе за понудата! 

Осмели се да бидеш поинаков/ва. Помалку нормално, повеќе Мока. Модерен и повеќе од смел… Стилски израз на чистиот прогресивен дизајн. Нова филозофија на германскиот инжинеринг и јасна визија за фасцинантната иднина на Опел. Во внатрешноста ќе откриете хармонија на пропорции, светлина, простор и технологија кои овозможуваат вистинско возбудливо возење. Динамичните мотори, го прават овој модел агилен во секој поглед.
Дознај повеќе за понудата!

Посетете ги салоните на Опел или побарајте понуда онлајн на следниов линк: https://www.opel.mk/tools/opel-videte-cena.html а може да се обратите во Скопје Сити Мол во периодот наведен погоре, за да дознаете за што станува збор.

 

Претходна објаваСтелантис одобри да се користи дизел од растително потекло
Следна објаваБМВ Икс 2 · Тест · Двојката е голема бројка во БМВ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here