Мерцедес 123-ка ги преживеа поплавите во Шпанија, само акумулаторот требаше да се замени

Фото: Иван Фелиси Рубио

Поплавите во Валенсија причинија ненадоместливи човечки загуби, а уништија и бројни возила. Калта што ја носеше поплавата направи десетици илјади автомобили, мотоцикли и камиони да останат неупотребливи. Некои возила сепак се покажаа поотпорни од другите, и со едноставна поправка ќе си продолжат со својот живот.

Меѓу преживеаните херои се најде и еден Мерцедес-Бенц 300Д од генерацијата В 123, во сопственост на Иван Фелиси Рубио, жител на Валенсија. Шпанскиот Ел Мундо пушти објава за овој случај, за којшто понатаму слушна цел свет.

Олдтајмерот произведен во 1978 година, еден е од неколкуте што се во сопственост на Иван, а поплавата го зафатила додека бил паркиран во гаража во Алгемеси, подрачје што беше силно погодено од невремето.

Мерцедесот беше целосно преплавен и се најде цел обвиткан во кал. Иван ја опишува сликата: „Улицата беше еден и пол метар под вода, замислете како изгледаше во гаражата“. Откако службите за помош ја испумпале водата од гаражата, сопственикот можел да провери во каква состојба е неговата миленичка.

Автомобилот бил целосно во кал, внатрешноста била мокра и во секој агол на возилото доспеала калта. Но, тоа не го спречило Иван, за возилото за неверојатно кусо време да го извлече од гаражата и да го врати во состојба како пред катастрофата. „Понесов акумулатор и алат и го стартував“, раскажува Шпанецот во објавата на Ел Мундо.

 

„Само го заменив акумулаторот, ја испуштив водата од моторот и го проверив маслото. Веднаш запали“, кажува Иван. „Единствено морам да го исчистам“. Среќниот сопственик се пожали само дека „километражата ќе биде најтешка“ да се исчисти, но „за среќа, тоа е автомобил за којшто има многу резервни делови.“

Коментари за случајот: „Спектакуларно!!!! неповторливо… само уште да се измие со чиста вода и ќе вози уште 500.000 километри“

Случајот со 123-та, жива легенда, поттикна поплава од коментари на друштвените мрежи, за квалитетот на старите автомобили. Иван го има сето право да оцени: „Луѓето се убедени дека електричните автомобили се иднината, и вооошто не се во право.“

@ivanfelisirubioestá semana subiré videos de como lo iremos dejando😁🤪

♬ sonido original – ivanfelisirubio

Претходна објаваПо австриски стандарди: Кој вози брзо, останува без автомобил, некој ќе си го купи евтино
Следна објаваХјундаи под истрага откако тројца работници загинаа при тестирање

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here