По австриски стандарди: Кој вози брзо, останува без автомобил, некој ќе си го купи евтино

Во Австрија мора да се биде посебно свесен околу брзината со којашто се вози. При дрско пречекорување на брзината, не само што следи висока казна и одземање на дозволата, туку се останува и без автомобилот.

Брзите возачи се добар „бизнис“ за органите на редот и мирот во Австрија. Во тоа последно се увери еден млад возач, кој со својот Пасат возел близу 200 километри на час, на дел од автопатот каде што било дозволено темпо сто. Тој плаќа казна, останува без дозвола, останува и без возилото, што на 20-ти ноември оди на наддавање, заедно со уште бројни возила.

Од март 2024 година, во Австрија е на важност законот што пропишува можност за одземање на возилото на возачите што не ја почитуваат дозволената брзина. За тоа да се случи, појдовниот услов е несреќниците да возат најмалку 60 километри на час пребрзо во град, односно 70 километри над ограничувањето надвор од град. Полицијата го вклучува алармот кога ќе утврди дека таков возач веќе има записник, и потоа одземањето на возилото е судено.

Наддавањето за 22 години стариот Фолксваген Пасат и уште други возила ќе се одвива утре. Станува збор за онлајн-наддавање, коешто може да се следи на страницата на угледната наддавачка куќа Доротеум https://fahrzeuge.dorotheum.com/de/a/108541/

За Пасатот со поминати близу 200 илјади километри во моментов има 18 понуди, а највисоката понуда е 1.400 евра. Парите од наддавањето одат во корист на државата. Една третина е за полицијата, две третини одат за фондот со којшто се финансира организацијата за безбедност во сообраќајот во Австрија.

Ова е само втор случај на автомобил што полицијата го одзема откако се применува законот

Првиот случај на запленување на возилото беше летоска, кога полицијата одзеде шест години стар Пежо 208 со 20.000 поминати километри, на Австриец што на спореден пат со дозволени 80 километри на час, возел со 153 км/ч. Возилото на наддавањето постигна 6.800 евра, што е добра зделка за сегашниот сопственик.

Законот сепак има еден пропуст. За запленувањето е услов возилото да биде во сопственост на прекршителот. Доколку се работи за возило на лизинг или за рентакар, возачот останува „само“ со парична казна и одземање на возачката дозвола на одредено време.

Претходна објаваИзборот на европски автомобил на годината влегува во завршница
Следна објаваМерцедес 123-ка ги преживеа поплавите во Шпанија, само акумулаторот требаше да се замени

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here