Меѓу тројцата починати работници се наоѓаат и двајца испитни-возачи што вршеле тестирање во фабриката број 4 на корејскиот производител во Улсан.
Полицијата и министерството за труд водат истрага околу инцидентот, соопшти полициски службеник во Улсан.
Двајцата испитни возачи на Хјундаи и едно лице под договор за работа биле пронајдени во бесознание додека вршеле тестирање во „комората“, наведуваат од работничкиот синдикат на Хјундаи.
Според објавите во медиумите, трите лица се задушиле.
Хјундаи соопшти дека „целосно ќе соработува со сите надлежни органи, за да се утврди причината за незгодата.“
Фабриката во Улсан е најголема фабрика на Хјундаи, со сопствено пристаниште и со годишен капацитет за производство на 1,4 милион возила, од коишто се извезуваат 1,1 милион возила.
Лани во ноември, Хјундаи ја пушти во работа фабриката во Улсан вредна 1,44 милијарда долари, наменета за производство на електрични возила, како поттик за производителот забрзано да премине во ерата на електрични автомобили.
















