Чешка ѝ се придружи на Италија, не сака производителите на автомобили да плаќаат казни за ЦО2

Производство на Шкода во фабриката во Млада Болеслав, во Република Чешка.

Купка кажа дека производителите ќе се соочат со голем проблем кога ќе треба да ги исполнат новите и построги лимити, во време додека паѓа побарувачката за електрични возила во Европа. Тој додаде дека двете земји на 1-ви ноември се сложиле да го искажат својот заеднички став, кога лидерите на ЕУ во текот на неделава ќе се состанат во Будимпешта.

Почнувајќи од 2025 година, ЕУ ќе ја спушти границата за просечната емисија од сите продадени автомобили, од сегашните 116 грами на 94 грами на километар. При надминување на границата, производителите ќе плаќаат казна во висина од 95 евра, за секој грам над лимитот, по секое продадено возило.

Производителите се соочуваат со проблем да ја донесат својата понуда од модели во согласност со новите лимити, кажа Купка.

„Тие не можат да го постигнат тоа, затоа што побарувачката за електрични автомобили опаѓа во цела Европа,“ изјави Купка во неделата, за време на дебатната емисија на ЦНН Прима Њуз. Тој додаде дека на производителите ќе им недостигаат пари за да ги финансираат истражувањето и развојот, доколку се соочат со плаќање на казните.

Република Чешка е меѓу членките на ЕУ што се противат на Зелената Агенда

Република Чешка е дел од групата држави на ЕУ што се противат на т.н. Зелена Агенда на Унијата, за справување со климатските промени и загадувањето. Построгите норми што ќе важат од следната година се чекор напред кон остварување на плановите, за продажбата на возила со мотор со внатрешно согорување да се забрани по 2035 година.

Автомобилската индустрија учествува со околу 9 проценти во БДП на Чешка, земја со 10,9 милиони жители, што во 2023 година произведе 1,4 милион возила и со тоа е меѓу најголемите производители на возила по жител во Европа.

Претходна објаваЕвропа со зголемена побарувачка за Волво, се бараат електрични
Следна објаваСузуки следното лето почнува со продажба на првиот електричен модел, е-Витара

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here