Сузуки следното лето почнува со продажба на првиот електричен модел, е-Витара

Сузуки ја претстави европската иведба од својот електричен СУВ-модел е-Витара, којашто на светскиот пазар ќе се продава и како модел на Тојота.

Електричните модели на Сузуки и Тојота ќе се произведуваат во фабриката на Сузуки во Гуџарат, Индија, почнувајќи од следната пролет. Сузуки е-Витара ќе почне да се продава во Европа во текот на летото. Тојота уште нема соопштено кога нивниот модел ќе се појави во салоните на марката.

На европската премиера на е-Витара што се случи на 4-ти ноември во Милано, Италија, Такахико Хашимото, којшто е главен менаџер за батериските електрични модели на Сузуки, не соопшти подробности околу планираната продукција на е-Витара и околу уделот со којшто моделите под знакот на Тојота ќе учествуваат во вкупната продукција во Индија.

Не се открива ниту продажбата што се очекува да ја постигне е-Витара.

„Побарувачката за електрични возила во Европа забавува и мошне е тешко во такви услови на неизвесност да се направат предвидувања за продажбата,“ кажа Хашимото.

Сузуки не ги објави цените за е-Витара, меѓутоа се очекува ценовникот да почнува од околу 35.000 евра.

Сузуки, Тојота и Даихацу заеднички ја развија платформата Хартект-е, којашто е наменета само за модели со целосно електричен погон и ќе се користи за е-Витара и за моделот на Тојота.

Тојота ја прикажа својата изведба на електричниот модел во декември лани, со Урбан СУВ Концепт.

Електричната Витара располага со батерии ЛПФ (литиум железен фосфат) и се очекува да постигнува досег од преку 400 километри, со батеријата од 61 киловатчас. Конструкцијата на батеријата е посебна, станува збор за т.н. билт-ту-фрејм батерија, за којашто нема потреба да се поставува во куќиште и посебно да се зајакнува, затоа што батеријата (секоја батерија се состои од батериски ќелии, што сочнуваат одделни модули) е вградена во самиот под на платформата.

Сузуки ќе нуди и изведба со погон на сите тркала, со втор електромотор што ќе биде вграден на задната оска, со батерија од 61 кВч. Моделската понуда ќе содржи и подостапна изведба со помала батерија, со капацитет од 49 кВч, и таа ќе се нуди само во изведба со преден погон.

Основниот модел со батерија од 49 кВч постигнува моќност од 106 кВ (144 КС), додека посилниот модел со батерија од 61 кВч, располага со 128 киловати (174 КС) во изведбата со преден погон, односно 135 кВ (184 КС) со погон на сите тркала.

Хашимото кажа дека Европа ќе биде најголемиот пазар за е-Витара, којашто исто така ќе се продава во Јапонија и Индија.

Витара е долга 4.275 милиметри, широка 1.800 милиметри и висока 1.635 милиметри. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.700 милиметри.

Електричната Витара го имаше своето прво појавување на светската сцена лани на салонот на автомобили во Делхи, Индија. Јапонската изведба беше прикажана во 2023 година, на Салонот на мобилност во Токио.

Видеото од тестот на новиот Сузуки Свифт

Претходна објаваЧешка ѝ се придружи на Италија, не сака производителите на автомобили да плаќаат казни за ЦО2
Следна објаваФерари го зголеми профитот за 7%, купувачите имаат посебни желби

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here