Зголемената продажба во најголем дел се темели на повисоката побарувачка за хибридни и електрични модели во Европа. САД и Кина паѓаат, но добро се држи продажбата на модели со електрифициран погон.
Продажбата на електрифицирани модели – целосно електрични и приклучни хибридни модели – порасна за 40 проценти од лани и сочинува 48 проценти од вкупната продажба на Волво. Само на целосно електричните модели отпаѓаат 22 проценти од продажбата во октомври.
Вкупната продажба во периодот од јануари до октомври достигна 622.608 возила, што е зголемување за 9 проценти од истиот период во 2023.
Во Европа, во октомври се продадени 30.167 возила. Електрифицираните модели напредувале за 46 проценти во споредба со истиот месец лани, односно нивниот удел во продажбата за десет месеци изнесува дури 66 проценти.
САД назадувале за 17 проценти, со продадени 9.360 возила. Моделите со електрифициран погон сепак ја зголемиле продажбата за 18 проценти, односно само хибридите напредувале за 67 проценти.
Продажбата на Волво Карс во Кина достигна 13.502 возила, за десет проценти под истиот месец лани. Целосно електричните и хибридните модели, со продадени 1.436 примероци се 23 проценти над резултатот од лани.
Најпродаван модел и во октомври е Икс Ц 60 со 19,846 возила (2023: 20.212), следи Икс Ц 40 / Е Икс 40 , со вкупно 14.088 возила (2023: 17.022) трет е луксузниот Икс Ц 90 со 8.517 возила (2023: 7.961).
















