Информатичар најмен да работи од далечина во Фискер Инк., се покажа дека бил шпиун за владата на Северна Кореја.
Информацијата ја објави данскиот магазин Инженер, којшто соопшти дека Фискер е меѓу неколкуте компании во САД, што биле дел од шема за перење пари. На тој начин биле собрани повеќе од шест милиони долари, наменети за програмата на балистички ракети на Северна Кореја.
Во веста што е поткрепена со документи од министерството за правда на САД, се наведува дека Фискер во октомври 2021 година вработил извесен специјалист за информатика со име Ку Тао. Адресата што ја пријавил Тао за свое престојувалиште, всушност ѝ припаѓало на жена со име Кристина Чепмен. Таа поставила преносни компјутери, до коишто Севернокорејците пристапувале од Кина и од Русија.
Фискер се збогуваше со Тао во септември 2023, откако министерството за правда го извести производителот на електрични возила дека е жртва на измама. Фискер поднесе барање за бакрот во јуни годинава.
Извршниот директор Хенрик Фискер изјавил за Инженер дека предметот е „предаден на ФБИ“ и не соопштил подробности.
Фискер не е единствениот производител на автомобили што е жртва. Во тужбата што министерството за правда ја поднело во април против Чепмен, еден од нејзините соучесници е именуван „Френк Џ.“ и опишан е како лице што во април 2022 било најмено под договор за работа за „иконски американски производител на автомобили со седиште во Детроит, Мичиген“. Во домументот не се наведува името на таа компанија.
















