Фабриката на Ауди во Брисел веројатно ќе ја преземе производител на доставни возила

Неколку менаџери се во постапка на барање на алернатива за фабриката, соопшти претставник од Ауди, наведувајќи и дека компанијата уште нема донесено конечно решение.

Според извори во компанијата, постојат изгледи дека фабриката ќе ја преземе производител на доставни возила.

Концернот Фолксваген, каде што припаѓа Ауди, планира да затвори три фабрики во Германија, со цел драстично да се скусат трошоците. Волфсбург во јули соопшти дека се размислува фабриката во Брисел да биде затворена. Таа вработува околу 3.000 лица, но во меѓувреме стивна побарувачката за електричните возила што се произведуваат таму.

Во Белгија во моментов се произведува Ауди Ку 8 Е-трон, меѓутоа неговото производство ќе заврши во февруари, а наследникот ќе се произведува во Мексико.

Претходна објаваМицубиши ќе додаде 4-ти модел на база на Рено во понудата во Европа
Следна објаваБанкротираниот Фискер вработувал севернокорејски шпиун

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here