Тојота произведе 5.000.000 автомобили во Британија, прославата нормално со Корола

Од фабриката на Тојота во Барнастон излезе петмилионитиот автомобил, славеничкиот примерок е Корола ГР Спорт

Во центарот на производството на Тојота во Англија се прославуваше 5-милионитиот автомобил. Јапонскиот производител досега има вложено 3,25 милијарди евра во погоните во Барнастон.

Селото со одвај две илјади жители, недалеку од Дерби, но со фабрика на Тојота, има носечка улога во целата мрежа за производство на Тојота во Европа. Од основањето на фабриката во 1989 година, вложени се преку 3,25 милиони евра во индуструскиот капацитет. Тојота редовно вложува во најнови технологии и нови методи на производство.

Англискиот Барнастон воедно беше првата фабрика надвор од Јапонија, во којашто се произведуваа хибридни возила. До денес, тоа е центар за компетентност за електрифициран погон. Сите модели што се произведуваат во англиската фабрика, располагаат со електрифициран погон. Околу 85 проценти од продукцијата заминува од островот.

„Овој успех не е само бројка. Тој го прикажува нашиот придонес за локалното стопанство и нашиот стремеж за постојано да произведуваме сé подобри автомобили – преку нови технологии и силна врска со добавувачите и партнерите,“ порачува Дариус Миколајчак, директор на Тојота во Обединетото Кралство (ТМУК), во Барнастон.

Корола во меѓувреме живее во својата дванаесетта генерација, односно досега е произведена во повеќе од 50 милиони примероци. Јапонската класичарка уште одамна го презеде насловот на најпродавана автомобилска серија во историјата.

Комбилимузинската изведба, што всушност се произведува во Барнастон, во моментов на македонскиот пазар почнува од 27.490 евра, секако со хибриден погон со 140 КС. Врв во гамата е комбито Туринг Спортс, со хибридни 196 КС, во спортско-луксузно ниво на опременост ГР Спорт, со цена од 42.490 евра. Тоа што дополнително ја издвојува Тојота е 10-годишната гаранција, под условите на Тојота Релакс.

Лимузината и натаму е достапна со чист бензинец и почнува од 21.990 евра, односно илјада евра под тоа со тековната акција.

Пред повеќе од 5 години, со Тојота Корола 1.8 Хибрид беше извозен круг низ цела Македонија во должина од преку 700 километри, со потрошени одвај 30 литри гориво

Тест: Toyota Corolla 1.8 Hybrid Executive Plus

Претходна објаваЛанчиа Гама ќе почне да се произведува во 2026 година
Следна објаваШефицата на БИД вели дека високите царини на ЕУ се „краткорочен предизвик“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here