Мерцедес-Бенц воведе нови основни дизели во ГЛЦ и Е-Класа

Новата основна моделска изведба во семејството на СУВ-моделите од средната класа на Мерцедес-Бенц, ГЛЦ и ГЛЦ Купе, ја носи ознаката 200 д 4Матик, со дволитарски дизел со 163 КС, изведен како благ хибрид, со потрошувачка од 5,1 литри. Погонот на сите тркала е стандард исто како кај посилниот 220 д што досега го одбележуваше почетокот на понудата. Е 200 д 4Матик ја приближува и лимузината од вишата класа.

Штутгарт почна со нарачки за новите основни модели во гамата на ГЛЦ и ГЛЦ Купе. Од следната седмица почнуваат и нарачките за новите мотори во Е-Класа, во лимузинска и комби изведба.

Мерцедес-Бенц ГЛЦ 200 д 4Матик, новиот основен модел во гамата на СУВ-моделот од средна класа, во Германија почнува од 53.743,73 евра, што е за околу седум проценти под цената на 220 д 4Матик, што досега стоеше на почетокот на ценовникот во Германија, со 57.750,70 евра.

Со дволитарски дизел со 163 КС, ГЛЦ 200 д 4Матик спринтува за 8,9 секунди и постигнува 208 км/ч. За споредба, 220 д 4Матик со 197 КС спринтува за 8 секунди и брз е 219 километри на час. Двете изведби се благи хибриди, со 48-волтен стартер-генератор што ја качува системската моќност на 186, односно 220 КС. Во купе изведбата, ГЛЦ сега почнува во Германија од 57.540,78 евра.

Со благ хибриден погон, иконската лимузина на Мерцедес троши 4,7 литри дизел

Истиот зафат важи и за иконскиот модел на Мерцедес, за Е-Класа. Од 29-ти октомври, почетокот во понудата на моделот им припаѓа на Е 200 д, со цена од 55.370,70 евра во лимузинската и Е 200 д во комби изведбата Т-Модел, со цена од 57.719,76 евра. Лимузината прикажува можне убедлив податок за просечната потрошувачка, што зависно од изведбата се движи меѓу 4,7 и 5,4 литри.

Новина се и специјалните серии Едишн во гамата на ГЛЦ и Е-Класа

Со тековните промени во политиката на опремување, ГЛЦ стандардно доаѓа во изведба Авангард, со големи дисплеи, поврзување со телефон и безжично полнење, како и грејачи во предните седишта. Со пониска цена, отколку при одделно нарачување на ставките, Штутгарт ги нуди специјалните серии ГЛЦ 200 д 4Матик и неговата купе изведба, насловени како Едишн Авангард (+2.040 евра од стандардниот модел во Германија) и Едишн АМГ Линија (+5.360 евра од ст. модел). Моделите од оваа серија доаѓаат со пакет Авангард Адвансед Плус, односно АМГ Линија Адвансед Плус, а на тоа следат уште камера во 360 степени и радарски темпомат Дистроник. На тоа може да се нарачаат и други ставки по желба.

Истото важи и за Е-Класа Едишн Авангард и Едишн АМГ Линија. Во специјалната серија по подостапна цена се добиваат дигитални светла, најнова генерација на МБУС со унапредена реалност и камери во 360 степени.

Премиера на Мерцедес ЦЛЕ Кабриолет во Мак Аутостар

Претходна објаваКиа во последното тромесечје продаде над 750.000 возила, прометот порасна за 4 проценти
Следна објаваЕУ се покаја пред Кина, сепак ќе се бара друго решение место царини за електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here