Фолксваген очекува голем успех со електричниот ИД.Баз во САД

Долго очекуваниот почеток на продажбата во САД на електричниот миниван ИД. Баз на Фолксваген ќе се случи во ноември. Шефот на Фолксваген за САД, Пабло Ди Си, верува дека производителот ќе може да ја покрие побарувачката, доколку пазарот во САД покаже голем интерес за моделот.

Фабриката за доставни возила на Фолксваген во Хановер, каде што се произведува новото издание на иконскиот Фолксваген Бус, на легендарниот хипимобил, но со целосно електричен погон, работи со зголемен капацитет и може да произведе меѓу 120.000 и 150.000 примероци од ИД.Баз на годишно ниво.

Шефот за САД сепак нема утврдено точен број на примероци што се очекува да бидат продадени на тамошниот пазар. Дополнителни количини може да се обезбедат, доколку пазарот покаже поголем интерес за моделот.

Висока побарувачка во САД

Во управата на Фолксваген се загрижени дека дилерите ќе бараат високи цени, затоа што е висока побарувачката за моделот што е знаменосец во понудата на Фолксваген. Тие ги советуваат дилерите, повеќе да се посветат за долготрајно да се поврзат со клиентите, отколку на краткотрајна заработка.

Ди Си кажа дека честопати слуша меѓу народот, дека луѓе се подготвени да платат учество, за на тој начин да бидат сигурни дека меѓу првите ќе добијат ИД.Баз.

„Не верувам дека во следните години ќе се појави проблем со снабдувањето“, кажа шефот на Фолксваген за САД и додаде дека очекува со 120.000 до 150.000 возила да се покрие побарувачката за моделот во светски рамки. Бројот на произведени возила зависи од тоа колку ставки дополнителна опрема се избираат за нарачаните примероци. Ди Си се надева на висока побарувачка во САД.

„Во првите 18 до 24 месеци ќе има висока побарувачка“, изјави тој во интервју за Дејли Драјв. Со текот на времето може да се одржува популарноста на моделот со посебни серии, на пример, со изведба на возило за кампување со покрив што се подигнува.

Ценовникот почнува од 61.545 долари

Цените за ИД.Баз во САД почнуваат од 61.545 долари (56.700 евра), што прави тој да биде најскап модел на Фолксваген во САД. Тоа е значително над просечната цена на миниваните што се конкуренција за ИД.Баз, со обичен или со хибриден погон, и воошпто е далеку над просечната цена на нов автомобил во САД.

Фолксваген го опреми својот прв електричен миниван за пазарот во САД со бројни функции што се корисни за семејно користење на возилото. Моделот пристига на пазарот во САД во време кога забавува побарувачката за електрични возила. Купувачи се привлекуваат со големи попусти, што не е исклучок и кај новите модели на пазарот.

Побарувачката за електричниот миниван во Европа не е посебно висока. Точно е дека дизајнот што потсетува на легендарниот Фолксваген Бус од 1960-те и 1970-те години наидува на многу симпатии. Купувачите сепак остануваат резервирани поради високите цени и релативно кусиот досег.

Ди Си се надева дека ИД.7 ќе донесе многу купувачи

Ди Си се надева дека Фолксваген ќе реши в година да почне со продажба на електричната лимузина ИД.7 на пазарот во САД. Проширувањето на мрежата од полначи почнува да им влева поголема доверба на купувачите што размислуваат за електрично возило.

Шефот за САД има оптимистичи очекувања за развојот на економијата во 2025 година, затоа што претседателските избори ќе бидат завршени, а исто така и ниските камати ќе ги охрабрат купувачите. Тој посочува дека обично е потребно време меѓу шест и дванаесет месеци додека намалените камати покажат влијание врз економијата, на пример, кај хипотеките и кредитите.

Претходна објаваПоголема моќ, помали емисии: DHL и Coldplay во зелена мисија
Следна објаваВо овој Мерцедес се возат скапоцени тркачки коњи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here