Во овој Мерцедес се возат скапоцени тркачки коњи

Францускиот производител на приколки за коњи Тéо, годинава одбележува стогодишнина и по тој повод нарача Мерцедес-Бенц да изработи нешто посебно. Основата е Актрос Едишн 2, што и самиот е ексклузивен, а на тоа е додадено многу рачна работа и прецизност. Посебна звучна и топлинска изолација се грижи за коњите да се чувствуваат удобно.

Фирмата Тео, со седиште во Нормандија, уште од 1924 година е специјализирана за изработка на врвни транспортери за коњи, коишто не се далеку од луксузни камп приколки – за коњи. Како основа најчесто се користат камиони на Мерцедес-Бенц.

Точно за одбележувањето на еден век постоење, Тéо си обезбеди 12-метарски Елеганс Лаунџ. Основата е Актрос 2551 6х2, со мотор ОМ 471, со 12,8 литри зафатнина и моќност од 510 КС.

Конструкторите на Тéо работеа на проектот во тесна соработка со инженерите на Дајмлер Трак Франс. Меѓу зафатите спаѓа и пресекување на кабината, за да се обезбеди преоѓање од кабината во просторот за престој. Тој самиот е изведен по пример на скапа јахта, со многу дрво и светли бои.

Опремата опфаќа кујна со сите функции, печка, мијалник, секако е тука и купатило со туш по цела висина и резервоар со 400 литри вода. Има и трпезариска маса за шестмина, ТВ, домашно кино, па и вински подрум. За преноќување служат шест лежаи: Едниот двоен лежај е на таван, со тоа што покривот над него се подигнува со електромотори, вториот се добива со преклопување на трпезариската маса, третиот е над возачката кабина и се спушта со електромотор.

Електрика помага и за полесно да се пристапи во боксовите за коњи. Страниците се извлекуваат и се добива простор со површина од вкупно 50 метри квадратни.

Посебна хомологација за Актрос со 4 места за седење

Меѓу посебностите на Актрос Елеганс Лаунџ спаѓа и тоа што камионот е регистриран за четворица патници, место за два. За тоа служи втората клупа за седење.

Во луксузниот коњски транспортер може да се превезат четири или осум коњи во посебни боксови, зависно од нарачката на клиентот. Просторот е посебно изолиран. Подот, на пример, дополнително е зајакнат со 15 милиметри дрво од Финска, со 10 милиметри стиропор и 10 милиметри гумена облога.

Тéо вработува 170 лица, кои годишно изработуват по 450 транспортери на база на доставни возила и околу 15 специјални камиони.

Претходна објаваФолксваген очекува голем успех со електричниот ИД.Баз во САД
Следна објаваСветот пред 40 години го доби првиот Пежо 205 ГТи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here