Поголема моќ, помали емисии: DHL и Coldplay во зелена мисија

(Соопштение за јавност од ДХЛ Експрес Македонија) Кога Coldplay за прв пат ја објавија светската турнеја “Music of the Spheres” во 2021 година, тие ветија дека ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови од продукцијата на шоуто, товарот, патувањето на бендот и екипажот, за најмалку 50%. Сега, две години од турнејата, тие постигнаа извонредно намалување од 59% во вкупните емисии на GHG во споредба со нивната претходна турнеја во 2016-2017.

Голем дел од тоа намалување е благодарение на нивниот официјален логистички партнер – ДХЛ, кој му помогна на бендот да направи значителни чекори, особено во намалувањето на емисиите поврзани со логистиката. Заедно тие ја поставуваат сцената за позелена иднина. Дознајте подолу како DHL придонесе во остварување на амбицијата на Coldplay за декарбонизација.

Со перформанс од подиум до воспоставување одржливост

Логистиката на светската турнеја е сложена, а воздушниот транспорт вообичаено придонесува за голем дел од емисиите на GHG. Суперѕвездите на бендот Coldplay се добро запознаени со тоа. Во 2023 година, нивниот вкупен логистички CO2 отпечаток бил 3.491 метрички тони.

За да постигне значително намалување на емисиите на стакленички гасови, ДХЛ имплементираше интелигентен систем за мониторинг на јаглеродни емисии, за да спроведе сеопфатна анализа на еколошкиот отпечаток на турнејата. Ова следење и анализа на одржливоста обезбеди холистички поглед на CO2 отпечатокот на турнејата, надминувајќи ги транспортот и логистиката, и послужи како основа за оптимизирање на напорите за декарбонизација. Анализата утврди дека транспортот на опремата за турнејата, особено воздушниот транспорт, придонесува за најголем дел од емисиите на CO2, достигнувајќи 80% од вкупниот број на 3.491 метрички тони.

За да се намалат штетните емисии од авионскиот транспорт, решението GoGreen Plus SAF на ДХЛ беше клучно за Coldplay. Со користење на одржливо авионско гориво (SAF), емисиите на GHG од чартер летовите биле намалени за 1.078 метрички тони. Ова е намалување од 85% по лет, што успеа значително да придонесе за севкупното намалување на емисиите од авионскиот транспорт, што резултираше со 31% намалување на вкупниот CO2 отпечаток во транспортот во 2023 година.

Услугата GoGreen Plus на ДХЛ користи пристап на инсетинг, кој подразбира директно намалување на емисиите од изворот, со користење на одржливи горива како SAF. Авионските превозници ги користат овие одржливи горива за ДХЛ, а постигнатото намалувањето на емисиите се потврдува преку добивање на сертификати. Во 2024 година, ДХЛ овозможи 6 чартер летови за турнејата на Coldplay “Music of the Spheres”.

Создавање на одржливо концертно искуство

Еден од најфасцинантните елементи на концертите на Coldplay се ЛЕД алките кои им се даваат на посетителите на концертот кога ќе влезат на настанот. Алките светат во синхронизација со музиката, создавајќи море од бои кои пулсираат во ритам. Ефектот ги поврзува публиката и бендот во заеднички моменти на радост. Но, магијата не застанува тука – ДХЛ исто така придонесе за намалување на емисиите за време на Европската турнеја 2024 со користење на камиони кои користат одржливи горива, за транспорт на алките.

“Ние бевме импресионирани од посветеноста на ДХЛ за одржливост. Тие ни помогнаа да собереме и повторно искористиме 90% од ЛЕД алките кои се дистрибуираат на секој кој доаѓа на шоуто”, вели Фил Харви, менаџер на бендот Coldplay.

Партнерството на DHL и Coldplay претставува моќен пример за музичката индустрија, докажувајќи дека музичките настани во живо можат значително да го намалат својот еколошки отпечаток.

(Завршеток на соопштението)

DHL – Логистичка компанија за светот

DHL е водечки светски бренд во логистичката индустрија. Нашите оддели во DHL нудат неспоредливо портфолио на логистички услуги кои се движат од национална и интернационална испорака на пакети, решенија за е-трговија, меѓународен експресен, патен, авионски и бродски транспорт, до управување со индустриски синџири на снабдување. Со околу 395.000 вработени во повеќе од 220 земји и територии ширум светот, DHL ги поврзува луѓето и бизнисите безбедно и сигурно, овозможувајќи одржливи трговски текови на глобално ниво. Со специјализирани решенија за растечки пазари и индустрии, вклучувајќи технологија, здравство и фармација, инженерство, производство и енергија, автомобилска мобилност и малопродажба, DHL е одлично позиционирана како „логистичка компанија за светот“.

DHL е дел од DHL Group. Групација која оствари приходи од повеќе од 81,8 милијарди евра во 2023 година. Со одржливи деловни политики и посветеност кон општеството и животната средина, Групацијата дава позитивен придонес во светот. Групацијата DHL има за цел да постигне логистика со “Нула емисии на штетни гасови” до 2050 година.

Претходна објаваПоранешен главен дизајнер на Форд ќе црта за кинески БАИК
Следна објаваФолксваген очекува голем успех со електричниот ИД.Баз во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here