Поранешен главен дизајнер на Форд ќе црта за кинески БАИК

Ло си замина од Форд во мај, по три години работа како главен дизајнер кај производителот на автомобили од САД.

Потпретседателот на БАИК и шеф на огранокот за електрични возила, Лиу Ју, очекува од новиот дизајнер „значително да ја унапреди дизајнерската способност и светското влијание на БАИК, помагајќи ни да постигнеме пресвртница во теренските возила, електрифицираните модели и во проектите за меѓународна соработка,“ стои во соопштението од производителот.

БАИК главно произведува СУВ-модели со бензински погон под марката Бејџинг и целосно електрични кросовери под марката Аркфокс.

Производителот во својата понуда има и патнички автомобили што се производ од заедничките инвестиции со Мерцедес-Бенц и Хјундаи.

Ло е роден во Хонг Конг и ја започна својата кариера во дизајнирањето автомобили во Лотус Карс, во Англија, во 1987 година.

Ентони Ло почна да работи за Форд во 2021 година, по претходните работни места во Рено и во ГМ Европа, каде што беше одговорен за Сааб, Опел и Воксхол.

Во 1990 година, тој се приклучува во студиото за напредни дизаjнерски проекти на Ауди во Германија, за подоцна да биде ангажиран во Мерцедес-Бенц, за да работи во новото студио за напреден дизајн во Јапонија.

Ло почна да дизајнира за Сааб во 2000 година, преселувајќи се во Шведска. Од 2004 до 2010 година, тој е директор за напреден дизајн во Џенерал Моторс Европа, одговорен за Сааб, Опел и Воксхол.

Во периодот од 2010 до 2021 година, според БАИК, тој бил потпретседател за надворешен дизајн во Рено и во Форд.

Претходна објаваСтелантис повеќе прифаќа да го скуси производството на бензинци, отколку да ѝ плаќа скапи казни на ЕУ
Следна објаваПоголема моќ, помали емисии: DHL и Coldplay во зелена мисија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here