Британија нема намера да ја следи ЕУ со царини за кинески ЕВ

Британија нема намера да ја следи Европската Унија и да воведува царини за увоз на електрични возила од Кина, затоа што компаниите во Обединетото Кралство немаат поплаки и не бараат да се спроведува истрага. Тоа го соопшти британскиот министер за трговија Џонатан Рејнолдс.

Во почетокот на месецов, државите членки на ЕУ со тесно мнозинство го изгласаа воведувањето увозни царини за електрични автомобили од Кина. Царините што достигнуваат до 45 проценти имаат цел да компензираат за тоа што Европската Комисија го цени како недозволива субвенција од Пекинг кон кинеските производители. Според Пекинг, не може да стане збор за нерамноправна конкуренција.

Рејнолдс кажа дека не постојат поплаки од лолалната индустрија што се доставени до Агенцијата за надминување на трговски спорови ТРА. Тој напомена дека нема да се следи чекорот на Унијата со воведувањето царини, додавајќи дека „главната грижа“ е да се унапредат и да се отворат извозни пазари за британските производители.

„Како државен секретар ја имам моќта да преземам такви чекори … Ќе продолжиме будно да ја следиме ситуацијата, но ценам дека е важно нашата индустрија да биде различна, а таа индустрија досега нема побарано да се вклучи ТРА,“ изјави Рејнолдс пред новинарите за време на меѓународниот самит на инвеститори.

Рејнолдс не верува дека односите со Кина се наоѓаат во златна ера – како што се колнеше владата пред една деценија – но, кажа дека Британија е лош пример за тоа колку малку земјата има преземено да изгради трговските врски со Кина и добро е да се вложува во тие односи.

Тој напомена дека на Британија ѝ се најважни трговските преговори со Индија и Советот за соработка со Блискиот Исток, додека земјата повторно ги почнува преговорите што беа ставени во мирување при изборите во јули.

„Наскоро ќе имаме нов круг преговори со Советот за соработка со Блискиот Исток, можеби уште во текот на следната недела. А, тоа е приоритет, исто како Индија,“ кажа секретарот.

Претходна објаваРено и Стелантис со пониски цени ќе ја качуваат продажбата на електрични автомобили
Следна објаваТојота го претрка пазарот во Европа, продажбата со историски рекорд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here