Рено и Стелантис со пониски цени ќе ја качуваат продажбата на електрични автомобили

Лука де Мео, шефот на групацијата Рено, на штандот на матичната марка на салонот во Париз

Побарувачката за електрични возила покачува знаци на закрепнување, во време кога се појавуваат нови модели на целосно електрични автомобили со значително пониски цени, веруваат во Стелантис и Рено.

„Веројатно се приближуваме кон пресвртница“ во поглед на побарувачката за електрични автомобили, изјави Тјери Коскас, шефот на Ситроен, пред новинарите на салонот во Париз, што почна на 14-ти октомври.

Производителите на автомобили неделава изложуваат низа достапни електрични модели во Париз, во обид да се натпреваруваат со кинеските производители коишто сакаат да го прошират своето присуство во регионот.

Стелантис, групациите Фолксваген и Рено, мораат во исто време да се соочат со забавената побарувачка за ЕВ, откако беа укикати субвенциите на неколку големи пазари, посебно Германија и Шведска, што доведе до тоа електричните автомобили да им станат многу поскапи на купувачите.

Ситроен прикажува неколку модели на ЕВ, вклучувајќи го е-Ц3 со цена од 23.300 евра. Важниот модел доцнеше неколку месеци со почетокот на продажбата, поради тоа што мораше да се доработува софтверот. Продажбата стартуваше дури во средината на септември. Во првото полугодие од 2025 година доаѓа уште подостапна изведба, којашто ќе чини 19.999 евра, потврди Коскас.

Ситроен е-ц3 чини 23.300 евра, а добро е опремен, безбеден е и комфорен, па и досегот одговара.

Рено во Париз има премиера на Р4 Е-Тек. Тоа е компактен електричен модел, чијашто цена се претпоставува дека ќе биде под 35.000 евра, во поскапата изведба со досег до 400 километри.

Марката го продава и помалиот Р5, чијшто ценовник почнува од 25.000 евра.

„Кога го имате производот, можете да го смените“ тонот со којшто се зборува за електричните автомобили, каде Лука Де Мео во интервју за Блумберг Телевизија на 14-ти октомври.

На настанот на „отворени врати“ во Франција во изминатиот викенд, електричните модели на Рено учествувале со 35 до 40 проценти во вкупно продадените возила кажа извршниот директор, не наведувајќи подробности.

Де Мео исто така зборуваше за конкуренцијата со Кина, напоменувајќи дека Западот и азискиот народ треба да најдат нови начини за да се натпреваруваат и да соработуваат.

Кинеските производители, предводени од БИД, се шират во Европа и покрај одлуката што Брисел ја донесе месецов, да се воведат царини за нивните ЕВ што достигаат до 45 проценти.

„Без добра соработка со Кинезите, верувам дека ќе биде потешко да се забрза електрификацијата во Европа,“ кажа де Мео за Блумберг ТВ, напоменувајќи дека Кина има силна улога како снабдувач со суровини и батерии.

Претходна објаваКарлос Тавареш предупредува дека царините на ЕУ за кинеските ЕВ ќе го забрзаат затворањето на европските фабрики
Следна објаваБританија нема намера да ја следи ЕУ со царини за кинески ЕВ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here