Нов Рено 4 во Париз, нов Рено Каптур во Скопје

Групацијата Рено ќе биде мошне присутна на сцената есенва, со париската премиера на возобновениот Р4, којшто доаѓа како електричен автомобил, како со и концептниот автомобил што се движи на батерија и на водород, и исто така е важен за светот да го види на салонот во Париз. Тоа е за светот, во Македонија е актуелно новото моделско годиште на Каптур.

Рено Каптур е од оние автомобили што човек кога ќе ги види не се прашува колку долго веќе се на сцената. Втората генерација на СУВ-моделот од градската класа првпат се појави во 2019 година, а сега доживува моделско освежување. Новиот Каптур веќе извесно време им се пријавува на посетителите во салонот на Аутомотив Груп, меѓутоа мораше да им препушти предимство на сестринските марки Дачиа и Нисан, што добија нови салони. Тогаш во истиот ден беше одбележано и свеченото пуштање во работа на новиот и мошне претставителен сервисен центар на компанијата во Визбегово.

Сега конечно е ред за Рено Каптур, на којшто актуелноста сигурно нема да му избледи уште извесно време. Моделското освежување следи по зафатите што беа извршени претходно кај Клио, за стилот и содржината да се приспособат со новите модели што постојано пристигаат во понудата.

Промената е очигледна, со тоа што препознатливите предни светла во облик на С од претходничката, сега презедоа форма согласно тековниот дизајнерски јазик на Рено. Маската исто така доби во волумен и сега е поприсутна во појавата, а секако дека е тука и логото во стилот на старите модели на марката. Браниците напред и назад исто така добија нов изглед.

Задните светла ја задржаа формата, меѓутоа графиката им е сменета. За каросеријата може да се избира меѓу шест бои. Доколку се вклучат и двобојните изведби, изборот сега вклучува 14 различни комбинации од бои. Хром повеќе не се користи. Тркалата одат до 19 инчи, основниот модел доаѓа со класични челични тркала (17 инчи) со раткапни.

Во димензиите нема промени: Должина 4,23 метри, ширина 1,8 метар, висина 1,58 метар. Долгото меѓуоскино растојание од 2,64 метри е база за добрата просторна понуда во кабината. Пакетот го заокружува огромниот багажник од 536 литри. Кај хибридот мора да се смета на 440 литри, поради батеријата.

Бензин, автогас, хибрид

Просторот под хаубата е силна страна на Рено Каптур, поради богатиот избор. Основата е турбо-бензинец од 90 КС, по него следат два благи хибриди со 140 и 160 КС, врвот е хибрид со 145 КС (1,6-литарец и електромотор од 36 кВ). Автоматски менувач следи кај хибридот и кај благиот хибрид со 160 КС. Изведбата со погон на автогас се враќа во понудата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Класичните вртливи бирачи за клима уредот се заменети со едноставни копчиња што се поставени под средишниот дисплеј. Главната промена се случува токму кај дисплејот, односно кај најновата генерација на инфо-забавен систем што е базиран на Андроид. Ракувањето е преку познатата технологија на Рено, наречена Опен Р Линк. Системот поддржува преку 50 апликации, вклучувајќи и гугл-услуги, како мапи, асистенција и слично.

Инфо-забавниот систем вклучува и Амазон Музика, навигација Вејз, Изи Парк и Сајбел. Сите овие информации се прикажуваат на исправен дисплеј од 10,4 инчи. Дисплејот зад воланот во поскапите изведби е со пречник од 10 инчи, инаку е со 7 инчи.

Моделското освежување задолжително донесе и нови системи за асистенција, вклучувајќи камера за знаци, предупредување при замор и превисока брзина. Од јули, сé e стандард кај новите автомобили.

Цените се пријатно изненадување. Понудата од моделски изведби почнува од 20.750 евра за моделот со 90 КС и опременост Еволушн. Со основното ниво на опременост се достапни изведбата со погон на автогас и класичниот хибрид со 145 КС.

Средното ниво на опрема е Техно, коешто со ТЦе 90 чини 22.551 евра. Благ хибрид чини најмалку 24.807 евра со 140 КС, односно 27.157 со 160 КС и автоматик. Врвното ниво е Еспри Алпин, од 29.131 евра нагоре.

Уште основното ниво се одликува со примерно француско угодување: Паркинг сензори и задна камера, диодни светла напред и назад, клима уред, инфо-забава со Опен Р Линк и озвучување Аркамис Класик, електрика на сите прозорци, греење на ретровизори.

Врвното ниво Еспри Алпин може да се дооблагороди со електрика и греење на предни седишта, приспособлив темпомат со самостојно запирање и поаѓање, самостојно паркирање и преглед на просторот околу возилото во 360 степени и аудио систем Харман Кардон.

Претходна објаваШефовите ги демантираат објавите дека Рено и Стелантис ќе се спојувале
Следна објаваНовиот Џип Компас ќе нуди погон на сите тркала само во електричната изведба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here