На салонот во Париз што ги отвора вратите на 14-ти октомври, Рено ќе одржи премиера на Амблем, концептен автомобил со батериски и водороден електричен погон. Во целиот животен век на овој автомобил, емисијата на ЦО2 е пониска за 90 проценти во споредба со класичен погон.
Долг 4,8 метри, Амблем е кросовер од средната класа со врвна аеродинамичност. Со овој автомобил, Рено ја прикажува својата амбиција „да се продолжи со иновирање во сегментот Ц и над него“, свои во соопштението што францускиот производител го објави на 4-ти октомври.
Возилото е конструирано врз новата платформа АмпР Медиум. Тоа е техничка основа врз којашто ќе се развиваат модели со целосно електричен погон, со задна погонска оска. Рено уште нема произведено возило врз таа плаформа. Најновите компактни ЕВ ја користат платформата ЦМФ-ЕВ.

Концептот, што Рено го најавува како „демо возило“, понатаму ќе го развива Ампер. Тоа е посебен огранок на групацијата Рено што е посветен на производство на електрични автомобили.
Рено уште нема потврено дали возилото ќе има иднина како сериски модел. Факт е дека концептите што имаа слични силуети со Амблем и што Французите ги прикажаа во изминативе години, влегоа во сериско производство. Тоа се однесува на Рено 5 (концепт од 2021), Сеник (2022) и 4евер (2023).
Во понудата на Рено не постои комби модел или комби-купе, откако престана производството на Меган со мотори со внатрешно согорување.

Целта не Рено е да постигне целосна карбонска неутралност во Европа до 2040 година, односно во светски рамки до 2050 година. Амблем е „лабораторија“ што прикажува начини на коишто може да се постигне таа цел, соопшти Рено.
Неколку од тие начни: Рециклирани материјали со мал карбонски отпечаток; користење обновлива енергија; висок удел на репарирани делови; и пристап преку „циркуларна економија“.
Амблем постигнува мошне долг досег, благодарение на аеродинамичноста, за што помагаат и задните камери, во замена за ретровизори, како и бришачите што се сокриени под работ на хаубата. Истото важи и за впуштените рачки на вратите, за тркалата со форма на диск и за мазниот под со заден дифузор.
Рено посочува дека тимот на Алпин во Формула 1 ја позајмил опремата за дигитална симулација при оптимизирањето на аеродинамичноста на каросеријата.
Релативно ниската тежина на возилото од 1.780 килограми исто така придонесува за ефикасноста, а помага и за намалување на карбонскиот отпечаток, цени Рено.
Водороден погон
Погонот што користи два вида енергија помага да се надмине стравувањето околу ограничениот досег и достапноста на полначи. За секојдневно користење служи батеријата, додека за подолги патувања ќе се користи погонот на водород, со горивни ќелии.
Батерија со релативно мал капацитет од 40 кВч испорачува енергија за електримоторот од 160 кВ. За подолги патувања служат горивна ќелија со моќност од 30 кВ и резервоар во којшто се чуваат под притисок 2,8 килограми водород. Рено откри дека досегот на Амблен изнесува 350 километри, што е малку за ЕВ од средна класа, но затоа напоменува дека полнењето на резервоарот за водород трае само пет минути.
Покрај Амблем, Рено на салонот во Париз ќе го прикаже малечкиот електричен СУВ Рено 4, како и рестомод врз основа на Рено 17 од 1970-те години, заедно со концептот на елеткричен фургон за достава Естафет.
















