Волво меѓу 50-те компании што притискаат ЕУ да не се откаже од забраната за мотори со внатрешно согорување

Волво и неколку дузини индустриски производители притискаат Европската Унија да не се откаже од планот да ја запре продажбата на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување по 2035 година. Најголемите производители на автомобили во Европа, Фолксваген и Стелантис, сепак остануваат тивки на темата.

Педесет компании побараа ЕУ да не ја менува политиката, стои во декларацијата што беше споделена со Блумберг Њуз. Тие наведуваат дека на секторот му е потребна сигурност, за да може да се вложува и да се подржуваат целите на ЕУ, без да се прават отстапки.

„Електрификацијата е единствениот најголем чекор што нашата индустрија треба да го направи со цел да го намали својот карбонски отпечаток,“ кажа Џим Роуен, извршен директор на Волво. „Целта за 2035 година е клучна, за сите чинители да се упатат на тоа патување и да ѝ осигураат конкурентност на Европа.“

Ривиан и Убер, исто како и шведската Икеа и компанијата за енергетика Ибердрола, се меѓу компаниите што бараат Брисел да остане на курсот.

Целите за емисијата на штетни гасови на ЕУ за автомобили се најдоа под критика во изминатите месеци, додека производителите се соочуваат со забавување во продажбата, а посебно кај електричните модели.

Концернот Фолксваген за првпат во историјата се соочува со неопходност од затворање фабрики, додека здружението на производители АЦЕА предупреди за казните, што можат браншата за ја чинат неколку милијарди евра, доколку не се исполнат нормите на ЕУ за 2025 година.

Дури и самиот Волво неодамна се откажа од целта да продава само целосно електрични автомобили по завршетокот на десетлетието, отстапувајќи од своите амбициозни цели за електрични автомобили, поради забавената побарувачка.

Транспортот е единствениот сектор во Европа во којшто се зголеми емисијата на ЦО2 во последните 30 години. Тој тренд треба нагло да се смени, доколку Унијата ја почитува целта за емисијата да се смали за 55 проценти до завшретокот на десетлетиево и до средината на векот да се достигне нулта емисија.

Европа против Кина

Заговорниците за забраната за мотори со внатрешно согорување напоменуваат дека ЕУ заостанува зад Кина во производството на ЕВ, а посебно на модели за најширокиот пазар и дека тој заостаток мора да се поништи. Тие критикуваат дека европските производители предолго го одлагале преоѓањето кон нови технологии и место тоа се потпираат на продажба на автомобили со обичен погон.

Најголемите производители во Европа, како Фолксваген, БМВ и Стелантис, не ја потпишаа декларацијата на ЕУ. Стелантис на 30-ти септември ја смали прогнозата за профитот за годинава.

Италија во меѓувреме го зголеми притисокот врз Унијата и бара да се преиспита забраната. Премиерката Џорџиа Мелони во изминатиот месец кажа дека политиката била симптоматична за „самоуништувачкиот пристап“ на ЕУ при донесувањето закони.

Земјата бара Брисел да ја помести проверката на остварливоста на целите што е планирана за 2026 година и да го направи тоа рано во следната година, како и да дозволи исклучок за биогорива.

Видеото од тестот на Волво Е Икс 30

Претходна објаваБруно Сако, дизајнерот на најуспешните модели на Мерцедес, почина на 90 години
Следна објаваШефот на Ролс-Ројс цени дека хибридите не можат да го постигнат „ветрецот“ што е својствен за марката

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here