
Мекларен викендов во Лондон ќе го претстави својот нов знаменосец пред стотина добро нафатирани клиенти. Тоа ќе биде монструм за тркачка патека со елегантна силуета.
Приклучниот хибрид Дабл Ју 1 ќе почне да се испорачува во 2026 година и го наследува Мекларен П1 на врвот на Ултимативната Серија на марката од Вокинг.
Лице што е упатено во двоседот што е инспириран од Формула 1 го опишува автомобилот како П1 и Мекларен Сена да се втопени во едно.
Мекларен ќе го прикаже хиперавтомобилот со интерна ознака П10 пред избрани клиенти, а пошироката јавност ќе го види на 6-ти октомври.
Намерата на Вокинг е да се произведат најмногу 400 примероци од серијата, секој вреден по 2,2 милиони долари. Возилата прво ќе им бидат понудени на клиентите на Мекларен, а предимство ќе имаат сопствениците на 25-те тркачки едноседи Солус ГТ.
Хибрид со мала тежина
Најновиот модел на Мекларен ќе служи како технолошки и дизајнерски пример за новата категорија модели со којашто Британците сакаат да ја прошират својата понуда покрај постоечките двоседи.
Моделите од Ултимативната Серија се конструирани да „ги достигнат границите“ во инженерингот и во технологијата, и да ги надминат очекувањата на клентите, изјави во февруари шефот на Мекларен за американските пазари, Николас Браун.
Во најавното видео во коешто се појавуваат тркачите на Мекларен во Ф1, Ландо Норис и Оскар Пјастри, производителот го опишува својот „број 1“ како „врв на технологијата на суперавтомобили до последниот атом.“
Новиот модел го користи нов Ве-8 мотор на Мекларен, којшто е изведен како приклучен хибрид што е за околу 70 проценти полесен во споредба со постоечката генерација, упатуваат лица што се запознаени со возилото. Моторот не е изведен од хибридниот Ве-6 во Мекларен Артура, ниту од Ве-8 од 750С, туку е „сосем нова конструкција“, кажуваат дилерите.
Мекларен има намера да развие цело семејство од мотори што ќе ја задвижуваат растечката понуда од модели, вклучувајќи го моделот со четири врати што е најавен за 2028 година.
„Тоа е навистина визбудлива погонска единица што ќе ја користиме како клучна технологија, додека напредуваме кон иднината,“ изјави во август шефот за продажба и маркетинг Џорџ Бигс.
П18 располага со нова хидраулична суспензија, ново управување и батерија со висока густина, а ниска тежина, што е развиена за болидите на Мекларен во Формула 1.
Возилото користи делови од суспензијата што се изработени со 3Д-печат, како производ од соработката на Мекларен со компанијата за индустриско дигитално производство Диверџент Технолоџис.
Извршниот директор на Мекларен, Мајкл Лајтерс, кажа дека технологијата на адитивно производство дозволува сложените делови да бидат полесни и да се изработуваат побрзо. „Можете да заштедите 15 до 20 проценти од тежината“, зависно од делот, кажа шефот во август.
Создаден за брзина
Новиот модел е развиен во аеродинамичниот тунел на Мекларен за Формула 1, којшто се наоѓа во седиштето на компанијата, во Вокинг, Англија.
Возилото располага со нова конструкција на карбонски монокок во којшто се изработени самите грбни потширачи на седиштата. На тој начин се зголемуваат крутоста и безбедноста, а се штеди и на тежина. Крилестите врати се подразбираат како заштитен знак на Мекларен.
Активен насочувач на воздушното струење под редизајнираните светла со изглед на „очни капаци“ се отвора или затвора зависно од режимот на возење и од брзината, за да се подобри аеродинамичноста. Долгата грпка на хаубата го води воздухот околу каросеријата и создава потисок.
Вшмукувачки канали над задните столбови и зад кокпитот помагаат да се доведе воздухот до моторот Ве-8 заради подобро ладење.
Издвоените крила овозможуваат воздухот подобро да струи околу каросеријата и исто така помагаат за ладењето на моторот. Страничните прагови со спортски аеро елементи од Формула 1, во комбинација со низок заден прозорец помагаат воздушните струи да го прегрнат возилото.
Дифузор од карбон се протега по целата ширина на опашот и се наоѓа под средишниот издув што е изведен со две завршни цевки од титан. Хидраулично поместуваниот заден спојлер во стилот на П1 се грижи за максимален потисок.















