Три бродови полни со електрични автомобили на Донгфенг на пат за Европа

Производителот на автомобили во државна сопственост Донгфенг e мошне активен на италијанскиот пазар. Кинезите водат преговори со Рим, за во земјата да се произведуваат автомобили и со тоа да се избегнат високите дополнителни царини што ЕУ има намера да ги усвои трајно за увозот на електрични автомобили од Кина.

Кинеската автомобилска групација Донгфенг прво ќе ги провери изгледите за продажба во Европа, пред да реши за можното отворање фабрика на континентот, кажува еден од нејзините главни менаџери.

Ма Леи, генерален директор за светскиот пазар на Донгфенг, го кажа тоа за време на претставувањето на новиот модел во Италија на 12-ти септември. Италијанската влада вложува напори да ги убеди кинеските производители да изградат фабрика во земјата.

Производителот во државна сопственост Донгфенг го направи првиот чекор на западноевропскиот пазар во декември 2022 година, кога стартуваше со продажба прво во Норвешка, за потоа да следат и останатите нордиски земји во првата половина од минатата година. Следни беа Белгија и Луксембург, во втората половина од 2023 година.

Компанијата што го користи името Донгфенг за своите модели што се наменети за најширокиот пазар и името Воја за своите премиум модели, отсега е присутна и на италијанскиот пазар. Неделава во Торино беше одржана светската премиера на електричниот премиум СУВ-модел од средната класа Воја Кариџ, како и европската премиера на малечкиот електричен автомобил Донгфенг Бокс, којшто веќе извесно време се продава во Кина.

Шие Чиан, менаџер за европската продажба на Донгфенг, изјави за Аутомотив Њуз Европа дека компанијата очекува до завршетокот на годинава за постигне продажба од вкупно 10.000 возила на европскиот пазар, сметајќи од стартот во Норвешка кон завршетокот на 2022 година.

Од јануари до јули, Донгфенг продаде помалку од 600 возила (од клои 65 се од марката Воја) на пазарите во ЕУ, ЕФТА и ОК, според податоците од Датафорс.

Шиан објасни дека во таа бројка се вклучени 3.000 возила што ќе им бидат продадени на приватни купувачи, додека останатите 7.000 возила ќе им бидат наплатени на дистрибутерите во одделните европски земи и на дилерите.

Електричен автомобил за помалку од 25.000 евра

Шиан додаде дека компанијата во моментов има три бродови на пат кон Европа, што се натоварени со 2.000 електрични возила Бокс. Основната моделска изведба на Бокс располага со досег до 180 километри и се очекува во продажба да чини меѓу 23.000 и 25.000 евра.

Нами Бокс има целосно заоблена форма на каросеријата, што води кон одлична аеродинамичност, важна за електричниот погон.

Кариџ ќе пристигне во Европа в година, со ценовник што ќе почнува од преку 50.000 евра, најави Шиан.

Донгфенг ја организира продажбата во Европа преку компании што продаваат на национално ниво и работат со овластени приватни дилери.

Шиан кажа дека Донгфенг до завшетокот на годината ќе изгради мрежа што ќе се состои од 114 дилери во Европа. Планот е до завршетокот на 2025 година, бројот да се зголеми на 160 дилери.

Продажбата во Италија почнува со 22 дилери, што имаат цел во 2025 година да продадат 10.000 возила.

Производство во Италија?

Италијанската влада соопшти дека води разговори со кинеските производители, вклучувајќи ги Донгфенг и Чери Ауто, за производство на автомобили во земјата. Преговорите со Донгфенг се во напредната фаза, јавија извори во август.

На прашањето поставено на настанот во Торино, дали Донгфенг веќе има избрано потенцијални локации во земјата, Ма кажа дека „уште е премногу рано за првичната идеја.“

„Честопати нé прашуваат за фабрика во Европа, но прво мораме да ја испитаме целата ситуација, вклучувајќи ги гледиштата на клиентите,“ додава менаџерот. „Како прв чекор, мораме да се погрижиме за марката (развој) и за дистрибуцијата.“

Италија преговара со кинеските производители обидувајќи се да најде начини да ја заживее домашната продукција на автомобили преку привлекување друг поголем производител на автомобили што ќе конкурира на Стелантис, во моментов единствениот голем производител во земјата.

Модел на Донгфенг што привлече големо внимание со цената од 16.000 евра

Претходна објаваШпанскиот премиер Санчез го советува Брисел да размисли повторно околу царините за електричните автомобили од Кина
Следна објаваПроизводителите бараат ЕУ да ги одложи новите норми за издувни гасови за две години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here