Кинескиот производител на автомобили Џили бара локација за да изгради фабрика во Европа, но уште постојат резерви околу тоа дали групацијата навистина ќе се реши да гради фабрика во регионот, кажуваат претставници од компанијата.
„Уште не е со 100% сигурност,“ кажа Ли Чуанхаи, потпретседател на Џили Ауто Група, една од марките на Џеџанг Џили Холдинг Група, одговарајќи на прашањето дали производителот има намера да изгради фабрика во регионот.
Во тек се преговорите меѓу Џили и новата влада на Полска, за заедничко вложување во фабрика за електрични возила во земјата. Службени лица во почетокот на годинава изјавија за Ројтерс дека тие не ценат оти Џили е совршениот партнер за нив.
„Имаме бројни можности,“ одговори Ли на 11-ти септември, на прашање околу водењето на преговорите, меѓутоа не соопшти подробности.
Џили е втор најголем производител на автомобили во Кина, според бројот на продадени возила. Лани единствено БИД произведе повеќе возила. Групацијата е сопственик на Волво Карс, има заедничка компанија со Рено (за развој и производство на мотори Хорс, ќе се вградуваат и во идниот Мерцедес ЦЛА), а има и акции во Астон Мартин, па и во Мерцедес-Бенц.
Компанијата на 11-ти септември си обезбеди база во Франкфурт, каде што има намера да тестира 13 модели на т.н. „новоенергетски возила“, што е кинески поим за хибриди, батериски електрични и водородни електрични автомобили. Тестирањето ќе служи за да се оценат перформансите на новите модели и истите да се хомологираат според европските стандарди.
Џили е дел од сé поголемата група кинески производители на автомобили, вклучувајќи ги Чери и Грејт Вол, што планираат да изградат фабрика во Европа., На тој начин ќе бидат поштедени од казнените царини што Европската Комисија ги одреди за увоз не електрични автомобили од Кина, и што достигнуваат и до 35,3 проценти. Уште се водат преговори со Пекинг.
Николас Апелгрен, извршен директор за Европа за марката Линк и Цо, што е дел од Џили, кажа дека компанијата е во потграга по локации ширум Европа.
Линк и Цо, што во моментов продава само еден хибриден модел во Европа, во октомври во Италија ќе лансира електричен автомобил што е произведен во Кина, меѓутоа планира идниот електричен автомобил да го произведува во Европа, кажа Апелгрен, напоменувајќи дека датумите уште не се точно одредени.
















