БМВ ги смали очекувањата за годинава по големиот сервисен повик за сопирачките

БМВ ги смали очекувањата за годинава, откако дефектниот систем за сопирање што го испорачува добавувачот Континентал услови масовен сервисен повик и запирање на испораката на нови возила. Се работи за 1,5 милион возила што се погодени од дефектот, Минхен пушти официјално соопштение.

Баварскиот производител сега очекува добивката да биде значително помала во споредба со лани и предвидува дека оперативната маржа од автомобилскиот бизнис ќе спадне на само 6 проценти, објави БМВ во соопштението од 10-ти септември. Менаџментот првично очекуваше дека бизнисот ќе донесе добивка меѓу осум и 10 проценти.

Континентал објави дека е производител на компонентите што ги вградува БМВ. Дефектен електронски уред може да го онеспособи системот за сопирање, соопштува добавувачот. Компаниите порачаа дека возилата и натаму се безбедни за возење.

БМВ соопшти дека е единствен производител што во моментов го користи системот за сопирање од Континентал, и истиот го вградува во цела низа возила, вклучувајќи го и Ролс-Ројс, како и популарните СУВ-модели,

Сервисниот повик и запирањето на испораката на нови возила се силен удар врз БМВ, којашто лани продаде 2,25 милиони возила од својата матична марка и од марката Мини.

Новите прогнози за бизнисот воедно се последица и од слабиот пазар во Кина, каде што повеќето производители на автомобили се соочуваат со намалена побарувачка и засилена конкуренција од домашните марки.

Вредноста на акциите на БМВ опадна за третина по објавувањето на сервисниот повик за сопирачките на 1,5 милион возила


Откако претходно најави само мал пад во оперативната добивка, БМВ наведе дека сервисниот повик ќе води кон дополнителни трошоци за покривање на гаранцијата за сопствениците на возила. Се предвидува дека тие трошоци во третиот квартал ќе достигнат трицифрена милионска сума.

Производителот на автомобили соопшти и дека во моментов се води постапка за Континентал да плати отштета.

Видеото од тестот на БМВ 520д

Претходна објаваШефот на Опел се подготвува за „подеми и падови“ на патот кон целосна електрификација
Следна објаваЕУ ќе ги смали царините за Тесла и Џили што се увезуваат од Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here