
Расте побарувачката за електричниот ИД.7, моделот што сосем јасно се поставува како електричен наследник на Пасат. Фолксваген го зголемува производството во Емден.
Фолксваген очигледно се соочува со висока побарувачка за новиот електричен модел ИД.7. Во фабриката во Емден в година треба да се произведат 190.000 примероци од електричниот модел од средната класа. Во почетокот, планот беше помалку од 50.000 возила годишно.
Информацијата ја објави Нордвест-Цајтунг, повикувајќи се на извори во компанијата. Тоа значи дека фабриката во Емден ќе работи во две смени. Освен ИД.7, Фолксваген во фабриката го произведува и компактниот СУВ-модел ИД.4, уште еден електричен автомобил.
ИД.7 почна да се продава дури годинава. Моделот од средната класа добива одлични оцени од стручните новинари. Според германската статистика, од јануари до јули се регистрирани 3.187 нови примероци од електричната лимузина во земјата. Од оваа бројка сé уште не може да се насети успехот на моделот.
Сепак треба да се има предвид дека станува збор за модел што уште е нов на производствените линии. Потребно е извесно време додека се постигне совршена хармонија во работните процеси, за потоа да следи постепено зголемување на продукцијата.
Неодамна стартуваше и комби-изведбата ИД.7 Турер, којашто ќе привлече дополнителен интерес. Во моментов е мошне ограничена понудата од комби-модели со електричен погон во големоволуменскиот сегмент.

Побарувачката за Турер е повисока отколку за лимузината. Истото беше случај и во минатото, со претходната генерација на Пасат, којшто порано се произведуваше во Емден. Во сегашната генерација, Пасат се произведува само како комби Вариант.
Пазарот досега покажа умерен интерес за електричните автомобили на Фолксваген. Моделите како ИД.3 и ИД.4 не успеаја да ги достигнат продажните бројки на Тесла Модел 3 или Тесла Модел Ипсилон. Тоа е проблем во Европа, затоа што од следната година производителите треба да плаќаат високи казни кон Комисијата на ЕУ, доколку ги надминат построгите лимити за емисија на ЦО2.
Продажбата на електрични возила на концернот Фолксваген во првото полугодие од 2024
| Група од носечки марки | 230.900 | 2 |
|---|---|---|
| Volkswagen Pkw | 168.500 | 2 |
| Škoda | 29.400 | −6 |
| SEAT/CUPRA | 18.300 | −3 |
| Volkswagen доставни возила |
14.700 | 19 |
| Група од прогресивни марки |
76.700 | 1 |
| Audi | 76.700 | 1 |
| Bentley | – | – |
| Lamborghini | – | – |
| Група од луксузни марки |
9.000 | −50 |
| Porsche | 9.000 | −50 |
| Група Камиони | 600 | −7 |
| MAN | 240 | −41 |
| Volkswagen Truck & Bus | 80 | 133 |
| Scania | 110 | −25 |
| Navistar | 170 | 149 |
| Volkswagen (Вкупно) | 317.200 | −1 |
Можно е зголемената продукција да биде поврзана со тоа. За да ги избегне казните, Фолксваген во 2025 година мора да продаде значително повеќе електрични автомобили отколку досега.















