БМВ ѝ се приближи на Тесла во продажбата на електрични автомобили

Компактниот СУВ-модел и-Икс1 беше најпродаван електричен модел на БМВ во јули.

На марката БМВ само малку ѝ недостигаше да ја симне Тесла од престолот на марка со најпродаван батериски електричен модел во јули, со само 629 помалку продадени возила од Тесла, којашто долго го ужива насловот на шампион кај електричните возила.

Со силната продажба на компактниот СУВ-модел и-Икс1 и на лимузината од средната класа и4, продажбата на електрични возила на БМВ во јули порасна за 34 проценти и достигна 14.687 примероци. Во исто време, продажбата на Тесла падна за 16 проценти и заврши со 15.216 возила.

Ваквиот тренд претставува големо назадување од јули 2023, кога Тесла продаде 18.025 примероци од своите ЕВ, а БМВ достигна 10.988 продажби. Фолксваген тогаш беше втора најпродавана ЕВ-марка, со 17.767 возила, за годинава во јули да се најде на третото место, со 12.177 возила.

Продажбата на Тесла обично расте кон завршетокот на кварталите. Во јуни, последниот месец од вториот квартал, Тесла продаде 40.751 автомобили во Европа, додека БМВ во истиот месец постигна 14.835 продажби на електрични автомобили.

Продажба по ЕВ во јули, во ЕУ, ЕФТА и ОК

 
Tesla 15,216 18,025 −16%
BMW 14,687 10,988 34%
VW 12,177 17,767 −31%
Volvo 10,953 3,003 265%
Audi 8,362 7,728 8.2%
Mercedes 8,191 8,491 3.5%
Peugeot 6,319 5,312 19%
Hyundai 6,231 7,443 −16%
Kia 6,068 6,993 −13%
Renault 5,644 5,559 1.5%

БМВ беше уште поблиску до Тесла во април, првиот месец од вториот квартал. Тесла тогаш имаше 14.668 автомобили, БМВ следеше со 14.070 примероци од своите ЕВ, со заостаток од само 598 возила.

Статистичките податоци од Датафорс за јули не ја вклучуваат Словачка. Вкупната продажба на ЕВ опадна за 6,7 проценти. Пазарот е во опаѓачки тренд годинава, откако неколку држави ги скусија субвенциите, посебно Германија, некогаш најголем пазар за електрични автомобили во Европа.

Меѓу десетте најпродавани ЕВ во јули, се издвојува Волво Е Икс 30 на 4-то место (тестот на електричното Волво може да го прочитате на Аутомедиа). Шведскиот градски ЕВ произведен во Кина, постигна најголем скок, со 265 проценти и 10.953 продадени примероци во јули. Најголем пад, пак, имаше Фолксваген, чијашто ЕВ-продажба опадна за 31 проценти, и сега е трета, место втора најпродавана марка електрични возила.

Претходна објаваИзуми на Киа за ладење и греење: Радијатори во подот, 48-волтни грејачи во стакла, фолии што ладат
Следна објаваНова рекламна кампања на марката со ѕвездата: „Затоа што е Мерцедес-Бенц“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here