Изуми на Киа за ладење и греење: Радијатори во подот, 48-волтни грејачи во стакла, фолии што ладат

Киа одржа Ден на технологијата за греење во Сеул, на којшто корејскиот гигант прикажа неколку изуми што го подобруваат греењето и ладењето во возилата, а со тоа и комфорот за патниците. Пониската потрошувачка на струја исто така е важна.

Температурата во кабината е клучна за удобноста. Колку и да е комфорен автомобилот, скап и голем, сето тоа е бескорисно доколку внатре е премногу жешко или студено. Застојан воздух исто така. Киа придава посебно значење на температурниот комфор, затоа што „возилата го надминаа статусот на обичен превоз и прераснаа во животен простор“, соопштува Киа за настанот во Сеул, посветен на важната тема и на иновациите во тоа подрачје.

Покрај тоа што новините на Киа во подрачјето на ладењето и греењето се важни за удобноста, тие трошат помалку енергија, што е клучно во време на електрификацијата. Безбедноста за којашто придонесува комфорната клима сигурно е уште поважна од останатите две дисциплини.

Трите нови технологии на Киа за ладење и греење на кабината:

  • Нано Разладувачки Филм – материјалот значително ја смалува температурата во кабината и се нанесува на стаклата.
  • Радијаторско греење – брзо и делотворно ја зголемува температурата околу патниците при студено време.
  • Загревано стакло обложено со метал – прв 48-волтен систем во светот, што брзо ја пренесува топлината од електрично загреваниот метален слој врз стаклото, одмаглувајќи ги и одрмзнувајќи ги стаклата.

Сите три технологии се готови за пуштање во сериско производство, иако Киа во овој момент не открива кога точно би се појавил првиот модел со овие новини.

Нано разладувачки филм ја смалува температурата до 12 степени Целзиусови

Киа првпат излезе пред јавноста со оваа технологија во јули 2023 година, прикажувајќи повеќе подрачја на примена на нано материјалите, а меѓу нив и нано разладувачкиот филм.

Тестираните возила покажаа дека нано филмот нанесен на стаклата ја одржува температурата во кабината на 36 степени, додека без филм, таа достигнува 48,5 степени.

Нано разладниот филм ги одбива инфрацрвените зраци, исто како фолиите што се ставаат во сервис, но за разлика од повеќето од евтините решенија, дозволува топлината да излезе од кабината. Тој се состои од три слоеви: Два слоеви ги одбиваат сончевите зраци, еден испушта инфрацрвени зраци со средна бравова должина.

Филмот може да се користи со постоечките филмови за затемнување, без да влијае врз пренесувањето на светлината.

Радијатори во подот ги стоплуваат патниците за неколку минути

Овие „хајтек радијатори“, односно грејни тела со најнапредна технологија, вградени се во подот и испуштаат топлина во правец на нозете на патниците, со што брзо се постигнува чувство на топлина.

Намерата е со овој систем, што работи дополнително на класичното греење на воздухот, дозволува 17% заштеда на енергијата што е потребна за греење на кабината. Секако, и брзото загревање е важно, Киа вели дека се потребни само три минути. Заштедената енергија ќе се врати преку зголемен досег на електричните возила.

Системот се состои од фолија што може да постигне температура до 110 степени Целзиусови, со заштита од горење, и обложен е со материјал што испушта инфрацрвени зраци. Заштитата од горење се состои во тоа што системот препознава кога доаѓа во допир со човечко тело и веднаш ја смалува температурата.

Киа изврши проба со постоечкиот ЕВ9, каде што вгради девет вакви панели, вклучувајќи еден панел во облогата на управувачкиот столб, еден во возачката врата и во средишната конзола, еден во совозачката врата и еден во касетата.

Киа потврди дека „радијаторите“ ќе ги вградува во идните модели.

Загревано стакло обложено со метал: Најделотворно одмаглување и одмрзнување

Стаклото што е обложено со слој метал што се загрева, дозволува најбрзо одмаглување и одмрзнување на ветробранот. Тоа е клучно за безбедноста. Пионерската технологија во секој поглед е понапредна од постоечкиот начин на греење на стаклата со тенка жица од волфрам. Слојот метал е наполно невидлив.

Системот работи под 48-волтен напон (наспроти обичните системи со 12 волти) и при температура од 18 степени под нулата го одмрзнува ветробранот за пет минути. Тоа е четирипати побрзо од обичниот систем и троши за 10 проценти помалку енергија, отколку при одмрзнување со системот за греење. Уште една погодност е тоа што металот лете може да одбие најмалку 60 проценти од сончевата енергија, што овозможува кабината да се загрева помалку кога возилото стои на сонце и соодветно на тоа ќе се потроши помалку енергија за кабината да се разлади.

Киа го патентираше овој систем на домашните и светските пазари, што значи дека за секаква негова примена од други производители ќе биде потребно Киа да одобри – и да наплати.

Видеото од тестот на Киа Соренто во Аутомедиа

Претходна објаваПекинг ги собра производителите на состанок, пред ЕУ да гласа за казнените царини за електрични автомобили
Следна објаваБМВ ѝ се приближи на Тесла во продажбата на електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here