Фиат продолжува да расте, светската продажба е зголемена за 2,2%

Фиат во почетокот од месецов ја прикажа новата Гранде Панда, малечка комбилимузина со изглед на кросовер, изработена врз плаформата Смарт Кар на Стелантис.

Моќта што Фиат ја ужива на пазари по сите страни на светот прави италијанската марка и во првото полугодие од 2024 да биде прва во продажбата од сите 15 марки во заедничкиот концерн со Пежо.

Тоа се бројки за добро расположение: Фиат во првите шест месеци ја зголеми продажбата во Северна Америка за 24%, следи регионот на Средниот Исток и Африка со 7,6 проценти во плус, потоа е Азија и Пацифик со 5% и Јужна Америка, каде што Фиат е најпродавана марка воопшто и ужива удел од 14 проценти.

Во годината во којашто одбележува 125-годишнина, не се случува „само“ голем и општ раст во продажбата на Фиат, на сите пазари и во сите региони. Кога ќе заврши летово, Фиат ќе почне со нарачки за Гранде Панда, модел наменет за светскиот пазар, со којшто италијанската марка се враќа во срцето на пазарот, во Б-сегментот, каде што некогаш беше Пунто. Во меѓувреме, два електрични модели ќе ја дополнат понудата, Абарт 600е и специјална серија на Фиат 500е, во знак на Џорџо Армани.

Во извештајот за првото полугодие, Торино наведува дека марката Фиат понатаму ќе го гради своето присуство на пазарот врз три столбови: Италијански дизајн и развој, глобална платформа (ги поевтинува развојот и производството) и локална релевантност (притискање на пазарите на коишто името Фиат е големо).

Меѓу најважните најави за иднината се вбројува Фиат 500 Ибрида, изведба од електричниот 500е што ќе го користи благ хибриден мотор од досегашниот Фиат 500, што мораше да ги напушти монтажните ленти, поради новите закони на ЕУ. Моделот ќе се изработува во Торино, во Мирафиори.

Фиат зема залет и во делот на СУВ и фастбек, односно кросовер моделите. Италијанската марка уште пред неколку месеци јасно го прикажа изгледот и концептот на тие возила, кога воедно беше најавена и Гранде Панда.

Сите следни модели ќе бидат понудени во електрична или хибридна изведба, секогаш со автоматски менувач.

Најголем раст во Северна Америка

Убедлив раст е постигнат на пазарите во Северна Америка, од 24 проценти, што главно е заслуга на електричниот Фиат 500е. Таму помага и имиџот, посебно откако во јуни беше отворен Фиат Хаус, првата станбена зграда на Фиат, во Форт Ли, Њу Џерси, на неколку минути возење од Мехнетен. Вкупно 300 станови со врвна изработка и ефикасно користење на просторот.

Фиат Панда е најпродавана во Италија, во Турција е прв Типо, во Бразил е Фиат Добло

Фиат традиционално е моќен во Јужна Америка, посебно во Бразил, каде што држи 20,4% од пазарот. Од оваа страна на Атлантикот, Фиат е топ марка, не самно во Италија, туку и во Турција (12,3% удел). Уште поимпресивно е во Алжир, со удел од 68,3 проценти, но и со сопствена фабрика на Фиат.

На домашниот пазар Фиат продаде 95.779 возила или за 2% повеќе од истиот период лани. Марката држи 10,8 проценти од пазарот на патнички возила. Фиат Панда, произведувана во Помиљано, го држи првото место со преку 64.500 возила и 21% раст.

Втор модел во А-сегментот е Фиат 500 Хибрид со 14.700 примероци. Кај електричните автомобили, Фиат 500е држи 27% од својот сегмент, додека едно скалило погоре, Фиат 600 освојува 11% од пазарот на електрични модели. Во јуни почна да се продава и 600 Хибрид, што наидува на одлична прифатеност.

Друг европски пазари на којшто Фиат владее е Шпанија, со пазарен удел од 55% во градската класа. Фиат 500 хибрид води во сегментот со 7.720 продадени возила и удел од 43 проценти. Фиат Панда четирикратно ја зголеми продажбата.

Фиат постигнува голем раст во Франција (+7,6%), Холандија (+5,5%) и Португалија (+15,1%).

На пазарот на електрични автомобили во градската класа, Фиат 500е минува одлично на петте најголеми пазари во Европа: Во Германија е прв, во Италија и Франција втор во сегментот, во Шпанија 3-ти и во Велика Британија 4-ти.

Фиат е најпродавана марка во Јужна Америка со пазарен удел од 14 проценти и раст од 2,2 проценти во првите шест месеци. Бразил е најсилниот пазар на Фиат, каде што марката 42 месеци во низа е прва. Продадени 220.753 возила одговараат на пазарен удел од 20,4 проценти. Втората најпродавана марка има само 51.000 продажби.

 

Фиат Арго (Бразил)

Италијанците држат три клучни сегменти во Бразил. Во компакт класата се продале 71.888 возила (удел 23,4%), пикапите бројат 80.839 возила (удел 39,0%), кај вановите се 11.342 продадени примероци и удел од 38,6 проценти.

Фиат Страда е втор најпродаван модел воопшто, Арго е на 5-то место, веднаш по него следи Моби. Од март, Фиат го нуди и пикапот Титано.

Претходна објаваТројката е целосна, Ауди А6 им се придружува на БМВ и5 и Мерцедес Е-Ку-Е, сите на струја
Следна објаваФерари ги качи прогнозите за 2024, купувачите бараат сé поскапи автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here