Возачите на Тесла веруваат дека со замотување мокра крпа врз приклучокот на полначот можат да го скусат полнењето. Тоа е опасно, а може да доведе и до пожар.
Меѓу бројните заблуди, возачите на Тесла веруват дека можат времетраењето на полнењето да го скусат, доколку замотаат мокра крпа околу приклучокот. Производителот од САД издаде предупредување, за возачите да не го користат божемниот трик.
Возачите на Тесла веќе имаат можност за мошне кусо време да ја наполнат батеријата на своите автомобили, со користење на сопствените брзи полначи на производителот од САД. Меѓутоа, некои од нив веруваат дека т.н. суперчарџери ја постигнуваат врвната моќност, само во случај кога постојат совршени услови.
Брзината на полнење, меѓу другото зависи и од надворешната температура. Кога времето е жешко, станицата за полнење автоматски ја смалува моќноста, со цел да се спречи прегревање. Затоа некои возачи веруваат дека можат приклучокот на кабелот за полнење да го изладат користејќи мокра крпа, што ја обвиткуваат околу приклучокот за полнење. Тоа навистина им успева.
Трикот со мокра крпа е опасен
Во изминатите месеци, возачки и возачи на Тесла често објавуваа на своите профили дека брзината на полнење се зголемува значително со користење мокра крпа. Тоа ја охрабри заедницата, па прерасна во тренд што се следи масовно.
Производителот сега им ја расипа забавата и предупредува да не се замотува мокра крпа околу кабелот. Брзината на полнење навистина се зголемува, но не поради тоа што се лади кабелот, туку поради тоа што мократа крпа ги покрива сензорите за температура на приклучокот и со тоа ја онеспособува заштитата.
Yes, you can put a wet towel on a Supercharger handle to get faster charging speeds https://t.co/bw0lQZKXiA
— InsideEVs (@InsideEVs) May 7, 2024
Може да се оштетат и возилото и полначот
Бидејќи сензорите препознаваат дека температурата во средината е пониска од вистинската, благодарение на крпата, тие дозволуваат моќноста на полнењето да се зголеми. Самиот кабел не само што воопшто не се лади од мократа крпа, туку поради зголеменото оптоварување може да се прегрее. Сензорите нема да го препознаат тоа и нема да ја постигнат својата заштитна функција. Најстрашното: При подолго време може да се оштетат и возилото и полначот, а во најлошиот случај може да дојде и до пожар. Тоа во дел ги објаснува објавите на мрежите, во коишто навистина се гледаат случаи како возила Тесла се зафатени во пожар.
















