Кинеската компанија Готион Хај Тек и нејзините словачки партнери ИноБат ќе вложат 1,2 милијарда евра во изградба на фабрика за батериски електрични автомобили во Словачка. Веста ја соопшти словачката министерка за економија Даниса Сакова.
Конзорциумот ќе добие 150 милиони евра субвенции и 64 милиони евра во даночни повластувања, кажа Сакова на конференцијата за медиуми што беше пренесувана во живо.
Компаниите лани во ноември објавија дека имаат намера да градат фабрика за производство на батерии за ЕВ, со годишен капацитет од 20 гигаватчасови во почетниот период.
Производството ќе отпочне рано во 2027 година, а целосниот производствен капацитет треба да се достигне до средината на истата година.
Тоа ќе биде втора најголема инвестиција во историјата на Словачка и ќе придонесе за електрификацијата на автомобилскиот сектор во земјата, додаде Сакова.
Производството на автомобили е главна гранка во словачката економија. Киа, концернот Фолксваген, Јагуар Ланд Ровер и Волво имаат фабрики за автомобили во земјата.
Договорот беше потпишан уште лани во ноември
The government signed a memorandum with Chinese Gotion to build the first gigafactory for production of batteries for electric vehicles in Slovakia, creating at least 1 500 new jobs. Robert Fico set improving relations with China as one of his main foreign policy objectives. pic.twitter.com/Xczp9TqkK2
— Slovakia Elects (@SlovakiaElects) November 23, 2023
Државите се туркаат за да добијат инвестиција во секторот, додека Европа вложува средства да ја зајакне индустријата на електрични возила и да ја смали зависноста од производителите на батерии од Азија, што владеат со секторот.
















