Мерцедес, БМВ, Фолксваген, со критики за високите ЕУ-царини за кинеските електрични автомобили

БМВ го извезува и-Икс 3 од Кина во Европа. На сликата е и-Икс 3 по напуштањето на производствената лента во БМВ Брилијанс Аутомотив во Шенјанг.

Новите царини на Европската Унија, што достигнуваат и до 38 проценти, за електрични автомобили извезени од Кина во Европа, наидоа на остри крктики од германските производители на автомобили.

Мерцедес-Бенц, БМВ и Фолксваген може да се соочат со возвратни мерки од страна на кинеската влада, коишто ќе влијаат врз нивното пазарно присуство во Кина, којашто е главен извор на профит за компаниите.

Извршниот директор на БМВ, Оливер Ципсе, кажа дека царините на ЕУ ќе им наштетат на европските компании и на европските интереси. „Протекционизмот е ризик што може да прерасне во спирала: Царините водат кон нови царини, повеќе водат кон изолација отколку кон кооперација,“ кажа тој.

„Од гледиште на групацијата БМВ, протекционистичките мерки, каква што е воведувањето увозни царини, не придонесуваат за успешен натпревар на светските пазари,“ изјави Ципсе за соопштението од Минхен.

Извршиот директор на Мерцедес-Бенц, Ола Келениус кажа: „Не ни требаат нови бариери за трговијата. Треба да работиме на отстранувањето на трговските бариери во духот на Светската трговска организација.“

Фолксваген кажа дека царините нема да придонесат за ЕУ да ја оствари целта за зајакнување на конурентноста на европската автомобилска индустрија.

„Тајмингот на одлуката на Комисијата на ЕУ е штетен за моментно ослабнатата побарувачка за батериски електрични возила во Германија и Европа. Негативните влијанија од оваа одлука се поголеми од какви било можни придобивки за европската и посебно за германската автомобилска индустрија“, кажуваат од Фолксваген.

Здружението на германските производители на автомобли ВДА порачува дека царините ја зголемуваат опасноста од трговска војна и не ја зајакнуваат конкурентноста на европскиот автомобилски сектор.

„Потенцијалната штета што може да настане од мерките ќе биде поголема од можните придобивки за европската и посебно за германската автомобилска индустрија“, изјави претседателката на ВДА, Хилдегард Милер.

„Прекумерни субвенции“

За да се избори против т.н. прекумерни субвенции што ги користат производителите на автомобили во Кина, Европската Комисија кажа дека има намера да воведе дополнителни царини. Тие ќе се движат од 17,4 проценти за БИД, преку 21 проценти за Џили, до 38,1 проценти за САИЦ (МГ), почнувајќи од јули. Новите царини ќе се додадат на постоечката царина во висина од 10 проценти.

Западните производители, како Тесла, БМВ, Волво и Рено (Дачиа) исто така ќе се соочат со царини за возилата што тие ги извезуваат од Кина во Европа. Тесла Модел 3 пристига на европскиот пазар од фабриката во Шангај, додека БМВ оттаму го извезува својот компактен СУВ-модел и-Икс 3 и уште неколку електрични модели на својата марка Мини. Мерцедес-Бенц во Кина ги произведува возилата на Смарт, во заедничка компанија со Џили.

Рено од Кина го увезува електричниот и мошне баран електричен модел Дачиа Спринг. Електричниот градски СУВ-модел Волво Е Икс 30, главен двигател на продажбата на шведската марка во Европа, исто така се извезува од Кина.

Повисоките царини ќе предизвикаат дополнителни трошоци во висина од милијарди евра за производителите на автомобили, во време кога тие се соочуваат со смалена побарувачка и спуштање на цените на домашните пазари.

Заменикот извршен директор на Волво, Бјорн Анвал, кажа дека на крајот клиентите ќе плаќаат повеќе за да купат ЕВ.

Волво е за отворена и чесна трговија, кажа Анвал. „Сé што ќе застане на тој пат е штетно“, изјави тој на автомобилскиот конгрес што се одржа во Франкфурт на 12-ти јуни.

Волво, со седиште во Шведска, во сопственост е на кинескиот холдинг Џили. Целосно електричниот модел Е Икс 30 се произведува во Кина и се извезува во Еворпа. Малечкиот СУВ в година ќе почне да се произведува во фабриката на волво во Гент, Белгија.

Електрични автомобили во македонските салони

Претходна објаваПрво беше комбито од 123-ка: Десет милиони Мерцедеси од фабриката во Бремен
Следна објаваАуди вложува една милијарда за да произведува електрични автомобили во Мексико

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here