Царините за кинеските ЕВ не се исти за сите, најголеми за МГ, помали за Џили

МГ 4 на кинескиот концерн САИЦ е најверодостоен домашен пример за нефер-субвенциите. Во Скопје работи такси компанија што ја искористи пониската цена на кинеските електрични возила

Европската Комисија во средата ги извести производителите на автомобили, дека ќе воведе дополнителни царини во висина до 38,1 проценти, за увезените кинески електрични автомобили. Примената на новите царини ќе започне веќе во следниот месец.

За компаниите што Комисијата оцени дека соработувале во истрагата за субвенционирањето, ќе се применува царина од 21 проценти. Возилата на производителите што одбиле да соработуваат, ќе бидат оптоварени со казнена царина од 38,1 проценти.

За Тесла посебно ќе се одредува висината на царинската стапка, соопштија од Комисијата.

Новите царини ќе се додадат на веќе постоечките царини во ЕУ од 10 проценти. Тоа значи дека САИЦ (МГ) и останатите компании што се соочуваат со највисока дополнитена царина од 38,1 проценти, на крајот ќе плаќаат вкупно 48,1 проценти царина за електричните возила што тие ќе ги извезат во Европа.

Западните производители, како Тесла и БМВ, коишто извезуваат автомобили од Кина во Европа, се најдоа на списокот на компании што прифатиле да соработуваат во истрагата.

Тесла Модел 3 пристига на европскиот пазар од фабриката во Шангај, додека БМВ оттаму го извезува својот компактен СУВ-модел и-Икс 3 и уште неколку електрични модели на својата марка Мини. Мерцедес-Бенц во Кина ги произведува возилата на Смарт, а Рено исто така од Кина го увезува електричниот и мошне баран електричен модел Дачиа Спринг. Електричниот градски СУВ-модел Волво Е Икс 30, главен двигател на продажбата на шведската марка во Европа, исто така се извезува од Кина.

Дачиа Спринг

Привремените царински стапки на ЕУ ќе почнат да се применуваат во јули. Истрагата во меѓувреме ќе продолжи до 2-ри ноември, кога ќе се одредат конечните висини на царините. Тие обично стапуваат на важност во период од пет години.

Маргаритис Скинас, потпретседател на Комисијата, кажа дека автомобилите произведени во Кина користеле недозволиво високи субвенции, со што ги загрозиле производителите во ЕУ.

„Врз таа основа, Комисијата се обрати до кинеските власти, да се разговара за овие наоди и да се изнајдат можните начини да се надминат утврдените недоследности,“ изјави тој на конференцијата за медиуми.

Во кинеската трговска комора се шокирани од висината на царините

Индикативните царини се над очекувањата на аналитичарите, кои ценеа дека кинеските ЕВ ќе бидат оптоварени со казнени царини во висина меѓу десет и 25 проценти.

Одлуката на ЕУ да ги покачи царините доаѓа во време кога европските производители се наоѓаат под притисок од напливот од поевтини електрични возила од кинеските соперници.

Кина се подбиваше со ЕУ околу истрагата за субвенциите, упатуваше кон соработка и лобираше во некои од земјите на ЕУ, меѓутоа досега нема наведено со какви царини ќе возврати.

ЕУ во период од 12 месеци, заклучно со април, увезла околу 440.000 електрични возила вод Кина, во вкупна вредност од 9 милијарди евра, што претставува околу 4 проценти од вкупните издатоци што европските домаќинства ги потрошиле на автомобили.

Пријатно изненадување од бројот и разновидноста на понудата од електрични модели што се изложени во македонските салони

Претходна објаваТесла со нови попусти ќе си ја спасува продажбата во Германија
Следна објаваКанцеларот Шолц гостин на одбележувањето на 125-годишнината на Опел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here