Прво беше комбито од 123-ка: Десет милиони Мерцедеси од фабриката во Бремен

Во 46-те години од пуштањето во работа, фабриката на Мерцедес-Бенц во Бремен произведе 10 милиони возила под знакот на сребрената ѕвезда. Многу нешта се смениле во меѓувреме. Денес оттаму излегува електричната лимузина Е-Ку-Е, пандан на Е-класа со сосем различна платформа и дизајн.

Во 1978 година, првото возило што излезе од Бремен беше комбито од лимузината В 123, вообичаено за Мерцедес-Бенц со ознака Т-Модел и со фабрички код С 123. Фабриката денес е специјализирана за батериски електрични модели и модели со приклучен хибриден погон.

Е-Ку-Ц, електричната изведба од ГЛЦ, во 2019 година беше првиот целосно електричен модел на Мерцедес-Бенц од големосериско производство. Производството ѝ беше доверено на фабриката во Бремен, на северот на Германија.

Оттогаш во фабриката во Бремен се произведуваат возила со сите видови погон. Целосно електричната лимузина Е-Ку-Е од 2022 година се произведува на иста линија со возила со обичен погон.

Фабриката на Мерцедес-Бенц е најголем приватен работодавец во градот. Таа е главна фабрика за Ц-Класа. Оттаму се управува и со целата светска мрежа што е вклучена во производството на ГЛЦ. Лани во Бремен беа произведени 277.000 возила.

Во чест на јубилејот, фабриката од своите бесценети депоа го извлече првиот произведен автомобил воопшто, Мерцедес-Бенц С123 Т-модел од 1978 година.

Фабриката во градот со близу 600.000 жители вработува 11.500 лица. Таму во моментов се произведуваат девет модели:

  • Мерцедес-Бенц Ц-Класа лимузина
  • Мерцедес-Бенц Ц-Класа Т-Модел, комби
  • Мерцедес-Бенц ЦЛЕ Купе
  • Мерцедес-Бенц ЦЛЕ Кабриолет
  • Мерцедес-Бенц ГЛЦ
  • Мерцедес-Бенц ГЛЦ Купе
  • Мерцедес-АМГ СЛ Родстер
  • Мерцедес-АМГ ГТ
  • Мерцедес-Бенц Е-Ку-Е

Претходна објаваСите поединости за Киа ЕВ-Три: Досег 600 километри, половина час полнење
Следна објаваМерцедес, БМВ, Фолксваген, со критики за високите ЕУ-царини за кинеските електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here