Основачот на БИД цени дека Европа и САД се плашат од кинеските ЕВ

Претседателот на БИД, Ванг Чуанфу (во средина) при потпишувањето на договорот за фабрика во Унгарија

Странските земји се „исплашени“ од кинеските електрични возила, коментираше претседателот на БИД, Ванг Чуанфу, за обидите на Европа и САД да го ограничат увозот на автомобили произведени во Кина.

„Постојат бројни примери за политичари во другите земји, кои се загрижени околу ЕВ во Кина,“ кажа Ванг во петокот, во својот говор на автомобилсиот конгрес во југозападниот кинески град Чунгкинг.

Милијардерот на 58-годишна возраст е основач на најголемата кинеска компанија за автомобили. Тој цени дека одговорот на Западот е сведоштво за моќта што ја има автомобилската индустрија во Кина.

„Ако не си доволно силен, тие нема ти да се плашат,“ кажа тој пред присутните на конгресот.

Во следните седмици се очекува ЕУ да ги објави царините за кинеските електрични автомобили, што следат по истрагата околу субвенциите што Пекинг им ги исплаќал на производителите на електрични автомобили. За тој потег се верува дека ќе наштети на малиот, но растечки број на увезени возила во Европа.

Кина најави дека ќе одговори со сопствени царини во висина од 25 проценти, во услови додека се вжештуваат тензиите.

ЕВ што се произведени од кинеските марки, како МГ или БИД, учествуваа со помалку од 9 проценти во вкупната продажба на ЕВ во Европа во минатата година.

Тој удел се очекува да се зголеми на околу една петина до 2027 година, проценија експертите од невладината Транспорт и Животна средина во март.

БИД прерасна во доминантен играч во производството на електрични возила. Компанијата во 2022 година престана да произведува автомобили што користат исклучиво мотор со внатрешно согорување.

Автомобилскиот гигант со седиште во Шензен, до минатата година произведе и продаде 3 милиони електрични и приклучни хибридни возила. Со тоа, БИД се проби меѓу 10-те најголеми производители на автомобили во светот.

Во својот говор во петокот, Ванг повика индустријата да ја зајакне својата конкурентност, доколку има намера да успее во преоѓањето на електрични возила.

Во изминатите месеци, БИД отпочна нова ценовна војна во Кина, скусувајќи ги трошоците за сета своја понуда од ЕВ и приклучни хибриди.

Компанијата цели кон традиционалните производители, како Тојота или Фолксваген, со слоганот „електромобилноста е поевтина од нафтата.“

Ванг додаде дека електричните и приклчучните хибридни возила се на пат да ги престигнат моделите со обичен погон. „Тоа е општ и незапирлив тренд,“ изјави милијардерот.

Видеото од тестот на Џили Кулреј

Претходна објаваФиат очекува од хибридниот „500“ да продава по сто илјади возила годишно
Следна објаваКој тоа ја краде 30-годишната историја на македонскиот магазин Авто Плус

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here