Попустите на германскиот автомобилски пазар се вратија на вредностите од пред корона. Тоа има ефект: Во првите четири месеци, продажбата порасна за осум проценти. Најмногу напредуваше Фолксваген.
По постојаниот пад во побарувачката за нови автомобили во претходните неколку месеци, сега повторно се зголемува заинтересираноста на купувачите. Попустите што ги нудат дилерите во Германија се покажуваат делотворни. Производителите и дилерите јавуваат за зголемен број на нарачки. Како што расте залихата од нарачани автомобили, така пораснаа и попустите. За тоа да се случи, сепак решава политиката на производителите на автомобили.
Обновениот интерес го чувствуваат и производителите. Шефот за Фолксваген во Германија, Ахим Шајбле, потврдува дека пристигаат нарачки. „Се врати купувачиот дух, во сите кругови на купувачи“. Попустите се на нивото како пред корона. „Се враќаме во нормалноста. Понуди што се скроени според пазарот, поттикнуваат зголемување на бројот на нарачки за возила. Тоа важи и за приватните купувачи, но и за службените возни паркови, каде што договорите се прават на подолги рокови.“
Камбек на Голф
Во првите четири месеци, германскиот пазар напредуваше за осум проценти, на близу 950.000 новорегистрирани возила. Главен е Фолксваген. Со раст од единаесет проценти, и 180.000 возила, германскиот број 1 постигнува најголем напредок гледано според вкупниот број на нарачки.
Голф направи камбек во славеничката година. Со 20.000 нови регистрации за четири месеци, тој го има најдобриот старт на германскиот пазар на службени возила во последните 25 години. „Голем број фирми со возни паркови, со децении му останаа верни на овој модел и потешкотиите во испораките во последните години ги премостија со преодни решенија, сé додека Фолкваген не се врати во состојба да продолжи да им испорачува возила,“ кажуваат аналитичарите во Датафорс.
Додека се враќа интересот за моделите со мотор со внатрешно согорување, кај електричните автомобили нема поголемо пазарно движење.
Топ 25 Најпродавани модели во Германија, јан-апр. 2024
| Модел | Јан-апр ’24 | Тренд % |
| VW GOLF | 43392 | 71% |
| VW T-ROC | 23245 | 3% |
| VW TIGUAN | 22308 | 6% |
| SKODA OCTAVIA | 17293 | 9% |
| VW PASSAT | 16485 | 18% |
| OPEL ASTRA | 15397 | 185% |
| SEAT LEON | 13241 | 117% |
| AUDI A4 | 13190 | 1% |
| BMW 3ER | 12919 | 36% |
| VW TRANSPORTER | 12758 | 13% |
| OPEL CORSA | 12286 | -25% |
| VW POLO | 11570 | 28% |
| AUDI A3 | 10946 | 21% |
| MINI MINI | 10685 | -20% |
| DACIA SANDERO | 10608 | 37% |
| MERCEDES E-KLASSE | 10431 | 36% |
| BMW X1 | 10109 | 10% |
| SEAT FORMENTOR | 10086 | 12% |
| MERCEDES GLK, GLC | 9907 | -18% |
| FIAT DUCATO | 9593 | 24% |
| VW T-CROSS | 8984 | -8% |
| TOYOTA YARIS | 8472 | -13% |
| BMW 4ER | 8363 | 26% |
| HYUNDAI TUCSON | 7675 | 55% |
| VW ID.4, ID.5 | 7460 | -22% |
Производителите се трудат да продаваат автомобили, што се продаваат добро“, кажува Мартин Бенеке, од С & П Глобал. „Во моментов тоа повеќе се модели со мотор со внатрешно согорување, отколку електричните автомобили. Загубите кај електричните автомобили мора да се финансираат на некој начин.“ Аналитичарите предвидуваат дека германскиот пазар годинава ќе достигне 2,9 милиони нови возила, слично како лани.
Попустите ги достигнаа крајните вредности
Со враќањето на побарувачката, попустите на производителите ги достигнаа највисоките можни вредности. Кај моделите со мотор со внатрешно согорување, попустите во моментов се на највисокото рамниште во последните три години. „Како што предвидовме, попустите пораснаа на 18 проценти во просек“, кажува Хелена Визберт, директорка на Центарот за автомобилски истражувања.
Тоа е мошне висока вредност и на приближно исто ниво е како пред корона. „Не очекуваме дека попустите ќе продолжат да растат, туку повеќе сметаме дека вредноста ќе се задржи на тоа рамниште.“
Текстот е објавен на порталот на германската автомобилска индустрија Аутомобилвохе.
















