БМВ ќе вложи уште 2,5 милијарди евра во Кина

Претсерискиот концепт Вижн Ное Класе Икс го прикажува првиот електричен СУВ на БМВ, што располага со напредни способности за самостојно управување.

БМВ има намера да вложи дополнителни 20 милијарди јуани (околу 2,57 милијарди евра) во својата база за производство во Кина, како знак дека производителот на премиум автомобили има „неуморна посветеност кон кинескиот пазар.“

Со новите милијарди, вкупното вложување во фабриката сега се зголеми на 105 милијарди јуани, односно преку 13,5 милијарди евра. Се вложува во производството на серијата модели што е наречена Ное Класе (нова класа) и што ќе се состои исклучиво од целосно електрични модели. Стартот е во 2026 година. Намерата е да се премости технолошкиот јаз со конкурентите, кажуваат од БМВ.

„Тоа е посветеност што посочува не само кон нашиот успех во Кина во изминатите три десетлетија, туку ја искажува и нашата доверба за годините што претстојат,“ изјави извршниот директор Оливер Ципсе во соопштението за јавност.а

Веста се објавува по само две седмици откако Ципсе, заедно со повеќе топ-менаџери, го придружија германскиот канцелар Олаф Шолц, во неговата тридневна посета на Кина.

Берлин оди по јаже кон Кина, обидувајќи се да го зајакне своето присуство во втората најголема економија во светот, додека во исто време сака да ги смали ризиците.

Германските производители на автомобили се покажаа во силно светло на салонот во Пекинг, борејќи се да останат први во пробивањето на новите трендови на нивниот најголем пазар, во време кога острата домашна конкуренција им предизвикува големи глабоволки.

Претходна објаваКиа в година воведува пикап во понуда
Следна објаваОпел планира електричен автомобил за 25.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here