за

Киа в година воведува пикап во понуда

Камуфлажата не помага многу, се познава дека идниот пикап на Киа го следи дизајнот на ЕВ6 и ЕВ9, што му дава дополнителна посебност.

Киа Тасман е првиот пикап во историјата на марката и претставува не толку мало изненадување, иако сцената веќе подолго време шпекулираше околу новитетот. Во време кога корејскиот шампион на сите канали го разгласува успехот на своите електрични модели, Киа паралелно се посветува на уште едно подрачје што е многу исплатливо, на пикапите за глобалниот пазар.

Киа ја закажува премиерата на својот прв пикап за 2025 година и како главни пазари ги има Кореја, Австралија, Африка и Средниот Исток. За сцената да се подготви за новиот модел, а тоа значи за купувачите што намериле да се подноват со пикап да почекаат до стартот на испораките, Киа во следниот период во бројни пригоди ќе го прикажува Тасман со впечатливата мануфлажа.

Таа е дело на уметникот Ричард Бојд-Данлоп, кој се инспирираше од Австралија. Името Тасман исто така црпи инспирација од Тасманија, остров што досега најјужно на австралиска територија. Тасманија се поистоветува со недопрена природа и со пионерски дух. Во таа смисла, и Тасман е пионерскиот пикап на Киа.

Бојд-Данлоп го именуваше своето дело „Патот што е неизоден досега“, упатувајќи на авантуристичкиот дух на пикапот на Киа.

Цртежите по каросеријата на Тасман се инспирирани од убавината на австралиската природа и претставуваат уметнички толкувани глетки што се доживуваат додека се вози по крајбрежјето и низ дивината. Тоа се веродостојни сцени на коишто авантуристот Бојд-Данлоп има посведочено додека во товарниот простор на пикап се возел низ Австралија.

Во време на Сајбертрак, секако дека е прашање дали Киа има намера својот Тасман да го понуди и во електрична изведба. Од пораките од компанијата досега, ништо не упатува во таа насока. Киа цени дека пикапот „ќе ги инспирира клиентите да се впуштат во патувања, полни со откритија и авантура, во возило што става нагласок на издржливост и перформанси“. Покрај тоа, јасно се забележуваат отвори за воздух во предната маска, што исто така укажува јасно дека станува збор за добар класичен погон.

Во камуфлажата на Киа Тасман се воочуваат и светлосини тонови, што во вид на бранови го покриваат долниот дел од страничната силуета и со тоа непосредно асоцираат на светски влијателната сурф-сцена на Австралија – сурферите наскоро ќе го добијат од Киа возилото што е совршено за нив. И не само за нив.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На кого тоа му свират возачите по улици?

БМВ ќе вложи уште 2,5 милијарди евра во Кина