Станицата за складирање енергија може да испорачува струја, за цел месец да се покрива потрошувачката на просечно домаќинство.
Преносната станица за складирање енергија користи стари батерии од Рејнџ Ровери, меѓу другото и од популарната верзија Рејнџ Ровер Спорт со приклучен хибриден погон.
Јагуар Ланд Ровер разви преносна станица за складирање енергија, што ќе биде достапна за купување. Тоа е дел од соработката со англиската стартап-компанија Алај Енерџи. Во станиците се користат стари батерии од моделите на Рејнџ Ровер со приклучен хибриден погон, соооштија двете компании во вторникот.
Според соопштението, во една таква станица, што се води како Алај МАКС Батери Енерџи Сториџ Систем (БЕСС), се користат стари батерии од седум возила Рејнџ Ровер или Рејнџ Ровер со приклучен хибриден погон. Станицата располага со капацитет од 270 киловатчасови, што е доволно за близу еден месец да се покрива потрошувачката на струја на просечно британско домаќинство.
Европска Унија постави услов дека во следното десетлетие ќе мора да се рециклира сé поголем дел од материјалите што се користат во батериите за електрични возила. Според тоа, производителите на автомобили мора да се посветат на втор животен век за користење на батериите – на пример, во станици за складирање енергија што користат функционални батерии, чијшто капацитет е намален под 70 проценти, и тоа е недоволно за електричните возила да можат да поминат подолг пат.
МАКС БЕСС може истовремено да испорачува енергија за девет Рејнџ Ровери со приклучен хибриден погон да ја полнат батеријата. За полнење на самата станица служат истите полначи како за автомобилите.
Според ЈЛР, идејата е подвижната акумулаторска станица да служи како замена за дизел генератор. Таа воедно ќе му служи и на инженерскиот тим на британскиот производител, за тестирање на новиот Рејнџ Ровер Елкртрик што треба да почне со продажба кон завршетокот на годинава.

„Работењето на проекти за втор животен век на батериите од ваков вид е клучен, ако сакаме во ЈЛР да постигнеме вистинска одржливост,“ вели Рубен Чорли, директор за одржливи индустриски активности на ЈЛР.
Синтетик, најголемата компанија за искористување материјали од стари возила во ОК, во јануари соопшти дека ќе испорачува „спасени“ батериски модули, за Алај да може да ги користи во станици за складирање енергија.
















