Електричната Г-Класа не се вика Е-Кју-Ге, има „нормална“ ознака

Важната премиера за Мерцедес и за електромобилноста воопшто ќе се одржи на салонот во Пекинг, кон завршетокот на месецов. Марката со сребрената ѕвезда таму ќе ја прикаже новата електрична Г-Класа.

Место Е-Ку-Ге, како што се претпоставуваше досега, новата електрична Г-Класа ќе има многу понормална ознака. Понормална и од очекувањата: Г 580 со технологија Е-Ку.

Мерцедес уште не открива подробности за несомнено историскиот чин. Штутгарт ја најавува електричната Г-Класа како „теренска икона што е осмислена од ново за ерата на електромобилноста. Таа обединува традиција и напредок на досега невиден начин.“

Инсајдерите очекуваат Г 580 да има четири електромотори, што значи по едно на секое тркало. Со тоа би одела и батерија од 100 кВч. За досегот може да се смета на околу 320 километри. Во 2025 година ќе биде додадена и батерија со силициумски аноди, што ќе биде подобра во секој поглед.

Покрај електричната Г 580, Мерцедес на Ауто Кина 2024 ќе прикаже и обновена изведба од својот електро-крстосувач Е-Ку-С, панданот на С-Класа. Триото премиери ќе го комплетира Мерцедес-АМГ ГТ 63 С Е Перформанс, со приклучен хибриден погон – и мотор Ве-8.

Екстремниот ГТ 63 С Е Перформанс ќе го има своето деби неколку денови порано, на АМГ Бренд Најт Евентс, што ќе се одржува во рамките на Формула 1 викендот во Шангај. Премиерата на електричната Г-Класа ќе се одржи на презентација во уметничкиот кварт 798 во Пекинг. Салонот отвора за публика на 25-ти април.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mercedes-Benz (@mercedesbenz)

Претходна објаваДефендер ја качува продажбата на Ланд Ровер, уште една одлична година за марката со теренците
Следна објаваАкио Тојода, претседателот на Тојота, има и рецепт за здрави крофни

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here