Волво постигна продажен рекорд благодарејќи на електричниот Е Икс 30

Во првите три месеци од годинава, Волво ја зголеми продажбата за 12 проценти, на 19.749 возила. Електричниот Е Икс 30 учествуваше со 14.544 возила во вкупната продажба, односно дури 74 проценти од порастот отпаѓаат на него.

Волво Карс во март продаде повеќе возила од кога било претходно, гласвно благодарение на добрата продажба на својот нов електричен Е Икс 30, како СУВ-модел од градската класа.

Шведскиот производител во март продаде 78.970 возила, што е за една четвртина повеќе од истиот месец лани. Волво нема продадено повеќе возила во еден месец во својата 97-годишна историја, соопштија од компанијата.

Претходниот месечен рекорд важеше за декември 2020, со продадени 78.761 возила.

Главниот заслужник е Е Икс 30. Најпдостапниот модел на Волво, што на германскиот пазар почнува од 37.240 евра, учествуваше со 55 проценти во продажбата на Волво што во минатиот месец порасна за 15.838 возила во споредба со март лани.

Во првиот квартал, Волво ја зголеми продажбата за 19.749 возила, односно за 12 проценти. Е Икс 30, откако го надмина проблемот со софтверот во почетокот на производството, учествуваше со 14,544 возила во таа продажба, односно со 74 проценти во вкупниот раст на продажбата на марката во првото тромесечје.

Волво искористи многу од тоа што е ограничен изборот од модели во сегментот на малечки СУВ возила со електричен погон.

Конкуренцијата се состои од Смарт 1, којшто е конструиран врз истата платформа како Е Икс 30, но е за нијанса поскап, со 37.490 евра, потоа од Опел Мока Електрик, што во Германија стартува од 40.800 евра и од Џип Авенџер (38.500 евра).

Е Икс 30 се најде и во Топ 10 најпродавани батериски електрични возила во првите два месеци од годината.

Најпродавани целосно електрични модели во Европа јан-фев. 2024

 
1 Тесла Модел Ипсилон 31,771 25%
2 Тесла Модел 3 14,938 148%
3 Волво Е Икс 40 9,048 21%
4 МГ 4 8,792 78%
5 Пежо е-208 8,735 27%
6 Шкода Ениак 7,384 21%
7 БМВ и4 7,217 98%
8 Дачиа Спринг 6,109 -26%
9 Ауди Ку 4 е-трон 5,997 0.4%
10 Волво Е Икс 30 5,934 Нов

При анализа на податоците се покажува дека Е Икс 30 беше трет најпродаван БЕВ во Шведска, Швајцарија и Полска по првите два месеци од годинава.

Шведскиот малечок СУВ е 4-ти најпродаван БЕВ во Унгарија, 5-ти во Грција, Литванија и Шпанија, и 6-ти во Чешка и Португалија.

Волво воедно го има и 3-от најпродаван БЕВ во Европа до март, компактниот Е Икс 40.

Марката неодамна го смени името на моделот, којшто се водеше само како електрична изведба од Икс Це 40. Претставката Е Икс ја носат сите целосно електрични СУВ-модели на Волво, додека за моделите со благ хибриден или приклучен хибриден погон е стандард ознаката Икс Це.

Успехот на електричните модели доаѓа во време кога Волво напредува со збогувањето од моторите со внатрешно согорување. Швеѓаните го произведоа последниот модел со дизел мотор на 26-ти март. Намерата е до 2030 година, Волво да премине на целосно електрична понуда.

Претходна објаваРено Каптур со нов дизајн по пример на електричниот Меган
Следна објаваТест · Рено Меган Е-Тек · Тука струјата има октани

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here