Музејот на Мерцедес во Штутгарт лани привлекол над 800.000 посетители

Mercedes музеј
Редици пред музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт, во 2019 година

Музејот на Мерцедес-Бенц и своевиден споменик на автомобилската култура имаше рекордна година. Вкупно пристигнале 800.245 посетителки и посетители од цел свет, што е за 28 проценти повеќе отколку пред две години.

Шести пат откако Мерцедес-Бенц го отвори новиот Музеј пред 18 години, во ова речиси неизоставно одредиште за фановите и на автомобилите и на марките на Штутгарт, пристигнале повеќе од 800.000 посетители во една година.

Бетина Хаусман, директорка на Мерцедес-Бенц Музеум, има големи очекувања: „Овој број ни дава ветер во грб за 2024 година, со очекуван голем број гости за европското првенство во фудбал. Исто така се радувам посебно на разновидноста на нашата програма на отворено ‘штадкултур’ и на новото интерактивно доживување ‘боксенштоп’ во тркачкиот свијок.“

Најголем број странски посетители доаѓаат од САД и од Франција. Во 2023 година, музејот привлекол посетители од 160 држави. Во споредба со преклани, повеќе гости имало од Германија, чијшто број се зголемил за 50 проценти.

Извадок од календарот на настани за 2024 година во Мерцедес-Бенц Музеум:

  • Интерактивна посебна изложба „Мобилниот човек“ до 17-ти ноември
  • Уметничка изложба „Нау он вју“
  • Средба на олдтајмери Класикс и Кофи, секој ден недела од 14-ти април до 13-ти октомври.
  • Меѓународниот ден на музеите, 19-ти мај, е воедно и 18-ти роденден на Музејот, пристапот е бесплатен
  • Интерактивна изложба „Боксенштоп“ дава можност да се погледне зад кулисите на тркачката стратегија во Формула 1, планирана за налето
  • Ден за деца и семејства на 30-ти јуни
  • Уметнички настапи на отворена бина во рамки на „Градска култура во Мерцедес-Бенц Музеум“, од 18-ти јули до 18-ти август.
  • Кино на отворено, од 23-ти август до 8-ми септември

Една препорака од Вашата Аутомедиа: Посетете го некогаш салонот на Мак Аутостар и уживајте во глетката додека пиете во кафулето на Мерцедес-Бенц во галеријата на архитектонското чудо во Скопје.

Претходна објаваРено почна со развој на новиот Твинго, ривал на евтините електрични коли од Кина
Следна објаваЛимузината на Шаоми изгледа како Порше, поевтина е од Тесла

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here