за

Лимузината на Шаоми изгледа како Порше, поевтина е од Тесла

Шаоми ја соопшти цената на својот прв електричен автомобил СУ7 и со тоа му објави војна на Илон Маск, шефот на Тесла.

Шаоми уште во декември го претстави својот прв електричен автомобил пред јавноста.

Кинескиот производител на паметни телефони тогаш не ги објави цените за моделот со ознака СУ7. На настан што траеше два и пол часа и го одбележа почетокот на продажбата на електромобилот, шефот на фирмата Леи Јун ги соопшти и цените.

Шаоми СУ7 ќе се нуди во три изведби.

СУ7 е електрична спортска лимузина, што со изгледот потсеќа многу на Порше Тајкан. Кинескиот производител во почетокот го нуди моделот во две изведби: Во основна изведба и во Макс-изведба. Подоцна ќе се придружи и третата изведба, Про.

Додека топ-моделот, СУ7 Макс, располага со погон на сите тркала и моќност од 495 кВ, основниот модел и идната верзија Про ќе имаат погон назад. Шаоми СУ7 Про сепак ќе добие и поголема батерија, што значи дека ќе постигнува и најдолг досег.

Конкуренција за Тесла

Цената на СУ7 е директна објава на војна на Тесла Модел 3, што во Кина се вбројува меѓу најпродаваните електрични модели. За време на презентацијата, Јун посочи дека првиот автомобил на Шаоми во 90 проценти од спецификациите е во предност пред конкурентите. Тоа важи и за ценовната предност.

Без дополнителна опрема, СУ7 во основната изведба чини околу 28.000 евра. Врвната изведба Макс се добива за најмалку 39.000 евра. За споредба, најдостапниот Модел 3 чини 31.600 евра.

Овие цени сепак важат само за кинескиот пазар. Засега нема најави дека Шаоми ќе го понуди својот прв автомобил и на пазари надвор од Кина. Доколку тоа се случи, мошне е извесно дека СУ7 ќе биде поскап од Тесла Модел 3.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes музеј

Музејот на Мерцедес во Штутгарт лани привлекол над 800.000 посетители

Тојота на дилерите во Јапонија ќе им исплаќа поддршка за секој вработен